Свет

Израелски министер повика на преселба на Палестинците на Запад

Од никого побараната иницијатива предложена од двајца пратеници на израелскиот парламент, за западните држави да почнат да прифаќаат повеќе Палестинци, беше надградена од израелскиот министер за финансии, кој ги повика Палестинците „доброволно да мигрираат“ од Газа.

Да не му бидеме корисни идиоти на Нетанјаху

Нетанјаху сака да остане на власт и после војната а тоа го може само ако ги смири тврдите елементи во својот кабинет. Тоа го прави неспособен да игра за траен мир па неговиот план се сведува на вечна доминација на Израел врз Палестинците. Ако некој може да го убеди во поинаков исход, тоа е американскиот претседател.  

Хамас планирал и втор напад на 7 октомври

Втората фаза од нападот на Хамас требала подлабоко да продре на израелска територија во надеж дека ќе инспирира насилство на Западниот брег и пошироко, покажуваат докази што ги обработува Вашингтон пост.

Како Илон го гледа светот

Фридман му беше домаќин на Илон и го расчачка милијардерот за војните што се случуваат денес, за потенцијалниот иден конфликт меѓу САД со Кина, плус некои теми што повеќе го интересираат како СпејсИкс и Грок, неговиот проект за ВИ.

Шампиони

Само затоа што во моментов Израел ја толчи Газа како ретко кога во изминативе децении, целосно се нормализираа протести како неодамнешниот во Њујорк под наслов „Квирови за Палестина“. Во сите други времиња таков протест би бил дел од скеч на СНЛ или наслов на Онион, во рангот со „Вегани за чварки“ или „Јагниња за Велигден“.

Украина да се снаоѓа, да не го чека ветеното од ЕУ

Европската унија ги информирала земјите членки дека е малку веројатно дека ќе го исполни ветувањето за снабдување на Украина со 1 милион парчиња артилериска муниција. Рокот за ова беше март 2024.

Убивање цивили е американски стил на војување

Масовната смрт и уништувањето на Јапонија во Втората светска војна го подисплаши тогашниот воен скретар на САД, дека Америка ќе добие репутација дека го надмашила Хитлер по сторените злосторства. Истиот тој човек подоцна потпиша атомски напад на Хирошима и Нагасаки. Актуелното спржување на Газа, Израел го правда со таквите и слични „светли примери.“ 

Сан Франциско сјае

По години минати како пост-апокалиптичен тематски парк запоседнат од наркомани, дилери и бездомници, центарот на Сан Франциско беше светнат во генералка пред доаѓањето на кинескиот претседател Ши Џинпинг и самитот на АПЕК.

Абрамсот нема да и заврши работа на Америка на Пацификот

Абрамс М1 нема да може да доминира на фронтот во 2040 е предупредувањето што американскиот Армиски борд за наука го има во својот извештај за следната генерација на оклопни возила.

БЛМ за Трамп?

Лидер на БЛМ му даде поддршка на Доналд Трамп да се врати во Белата куќа по изборите во 2024, затоа што „сите други не ги бива“, а посебно е разочаран од Бајден.

Израел ќе носи работници од Индија за да ги замени Палестинците

Барањето од израелскиот градежен сектор до Нетанјаху е интервентен увоз на 100.000 работници од Индија кои ќе треба да заменат 90.000 Палестинци што останаа без работни дозволи по почетокот на војната.

На УСАИД не му се останати пари за поддршка на Украина

Буџетот за хуманитарна помош на Украина е испразнет и тоа директно го става Киев во опасност од економско уништување, го предупреди американскиот Сенат помошник администраторката на УСАИД, Ерин Мекки.

Како се произведуваше паниката од руските ботови

Сенатот ангажира фирма да испита колку е долга раката на Кремљ во американската политика, изборите и социјалните медиуми. Фирмата излегува со застрашувачки бројки за рускиот домет. Се тврдеше дека Русите фрлиле 25 милиони долари на Фејсбук за нивните задни намери. Подоцна се утврди дека потрошиле 2.900 долари. За контекст: Ковачевски троши по 20.000 евра на три месеци.

Путин 2024

Рускиот претседател од последниве две децении решил да се кандидира за уште еден мандат на изборите во 2024, објави Ројтерс цитирајќи шест извори запознаени со темата.

Командант на Хамас против политичките лидери на Хамас

Во едно ретко видено разногласие на Хамас, воен командант на организацијата рече дека цивилни жртви никогаш не биле цел на нивниот напад од седми октомври. Планот во последен момент го смениле политичките лидери на Хамас. А тие живеат во странство и сега не се бомбардирани.

Израел ќе остане во Газа на неодредено време

Израелските сили ќе управуваат со безбедноста на Газа долго време по завршување на конфликтот, порачал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Колку долго? Колку и да треба.

Милијардерите на Хамас

Со децении Газа неспорно е симбол за мизеријата и сиромаштијата на Палестинците, „најголемиот затвор под отворено небо“ чии жители зависат од постојаниот дотур на хуманитарна помош од светот. Периодов медиумите малку повеќе се занимаваат со раководството на Хамас, кое излезе дека не го дели финансискиот кошмар на своите сограѓани.

Америка тивко го наоружува Тајван до заби

САД се великодушни кога својата воена опрема ја продаваат со заеми но ретко се фаќаат за џеб па тие да платат воена опрема и оружје за некого. После 40 години, тоа сега прват го прават за Тајван зошто Кина многу напред отиде во воената надмоќ во 180 километри широкиот Тајвански теснец. Но, и со ју-ес пари, тоа тешко се стига.

Зеленски не го бендиса интервјуто на Залужниј

Кабинетот на Зеленски јавно го укори првиот човек на украинските воени сили, генерал Валери Залужниј, за неговата изјава дека војната заглавила во пат-ситуација бидејќи такви коментари биле од корист на руската инвазија.

Во Газа до сега загинаа повеќе цивили отколку во Украина

Во овие неполн месец откако Хамас изврши напад врз Израел, во Газа загинале повеќе цивили отколку во целата украинска војна од почетокот на 24 февруари 2022.

Вагнер и Сирија заедно ќе го помагаат Хезболах

Асад се согласил да го помогне Хезболах со позајмување на руските ракетните системи, а испораката од Сирија до Либан ќе треба да ја завршат луѓето на Вагнер, тврдат луѓе од американското разузнавање.

Војна, фаза на конфискација

Европа веќе извесно време им има фрлено око на руските пари кои се кај неа a Унијата ги има замрзнато со санкциите. Русија им вика дека е тоа обична кражба и ако прибегнат кон таков чекор, да очекуваат сличен потег и од нив. Како показна вежба, Русија го продаде кримскиот апартман на Владимир Зеленски. 

Ќе му каже ли некој на Зеленски за Волтер Кронкајт?

Насловната сторија на Тајм за Владимир Зеленски е навистина шокантна бидејќи ги потврдува сите поенти кои досега се оценуваа/оцрнуваа како „Путиновска пропаганда.“ Не само што сторијата се темели на разговори со најблискиот круг на Зеленски туку што не доаѓа од кујната на Кремљ, туку од новинар и магазин кои лани го прогласија Зеленски за лице на годината.

Ако нема помош за Украина, нема да има помош ни за Израел

Бајден ќе стави вето на републиканскиот предлог за помош на Израел, доколку истите овие републиканци продолжат да одбиваат да гласаат за пакетот за помош на Украина, тврдат од Белата куќа.