
Поддршката за депортирање на нелегалните мигранти во САД е конзистентна. Се движи од 55% во анкетата на Њујорк тајмс, 56% на ABC и 57% на CBS, па сè до 64% на истражувањето на Маркет.
Анкетите сведочат и за значителен раст на поддршката за депортација за 20 поени, од 36% во 2016 година на актуелниот просек од 56%.
Happy Independence Day!
— Townhall.com (@townhallcom) July 4, 2025
A majority of Americans support deporting ALL illegal immigrants. pic.twitter.com/VUa9ssapJl
Промената во ставовите не се толкува како пораст на омраза, туку како потреба за поголем ред, безбедност и праведност. Нелегалната миграција беше едно од прашањата што му помогна на Доналд Трамп убедливо да победи на изборите во ноември, со речиси идентичен процент од гласови.
Мнозинството нелегални мигранти не се директно одговорни за криминал, но нерегулираните граници им го олеснуваат полето за дејство во САД на криминални групи, шверцери на дрога и трговци со луѓе. Се намалува и притисокот врз здравствената заштита, образованието, домувањето и програмите за социјална помош.
Ова најмногу ги оптоварува граѓаните од работничката класа, но и имигрантите што ги почитувале сите правила - поднеле документација, платиле такси и поминале проверки на биографијата за да дојдат легално во САД и да се интегрираат во културата, почитувајќи ги законите. Легалните мигранти го сметаат за неправедно заобиколувањето на овој процес и затоа ја поддржуваат депортацијата на оние без документи.
Trust more on Immigration (among immigrant citizens)
— InteractivePolls (@IAPolls2022) June 10, 2025
🔵 2020: D+32
🔴 2025: R+8
Net 40 point swing towards the GOP
Via @ForecasterEnten (CNN) pic.twitter.com/qLSXb5h4Xe