Свет

Економски ќар од вадењето на Коста Конкордија

Во јануари 2012-та, Коста Конкордија заринка во близина на италијанското крајбрежје и две и пол години остана таму. Неделава бродот треба да биде тргнат од таму. Целата операција ќе и донесе на италијанската економија околу 1 милијарда долари.

Историја на срушени цивилни авиони

Веќе е јасно дека уривањето на Боингот 777 е сè освен несреќа, и дека е најголема веројатноста дека тој бил срушен со ракета земја-воздух. Иако се уште има препукувања за тоа кој пукал, натежнува верзијата во која виновници се Русите.

Светските весници за падот на малезискиот авион

Додека се нагаѓа дали Путин го нарачал рушењето на авионот, или веќе ја изгубил контролата над бунтовниците во Украина, и дали оружјето ним оружјето им било испорачано од Русија, или пак го заплениле од украинската армија, единствено сигурно е дека нема ниту еден преживеан меѓу сите 295 луѓе во авионот.

Ме уби пребавна смрт

Калифорниските затвореници кои чекаат на извршување смртна казна деновиве добија една добра и една лоша вест. Добрата е дека судот ја прогласи смртната казна за противуставна. Лошата ја добиваат кога ќе се прашаат: зошто?

Таквите ги има Рој

Еднаш годишно, речиси во ист период, западни медиуми знаат да пренесат некоја голема сторија за индијскиот Фејсбук и милионските планови на неговиот сопственик за ширење на бизнисот. Има само еден проблем.

Милијардерот што сака да ја растури Калифорнија

Идејата дека Калифорнија треба да се распадне и да биде поделена во 6 посебни држави, неделава конечно доби доволно потписи за да биде гласана на референдум.

Политичар со чувство за непожелност

Британски градоначалник си поднел оставка откако нему и на партнерката им било забрането да влегуваат во сите пабови во градот што го избрал за градоначалник.

Што купуваат Талибанци во гранапче

Чисто пазарџиски, просечниот комшија е бетер муштерија од Талибанците, барем според сведоштвата на поранешни сопственици на продавнички во племенските области во Пакистан.

Како изгледа израелската тактика на бомбардирање

Израел веќе извесно време во авионските напади ја користи таканаречената тактика "Чукање по покрив" (roof knocking). Особено во последната офанзива на Газа. Како тоа изгледа?

Зошто хуманитарната помош не функционира

Секоја година имаш 1,5 милијарди долари за итно да испратиш храна на места погодени од најразлични природни катастрофи. Дилемата на УСАИД е како ќе го направиш тоа, а притоа да имаш најмала можна загуба?

Оружјето што Путин заборави дека го има

Од почетокот на кризата во Украина, Кремљ нема сомнеж околу тоа колку ГРУ (военото разузнавање) е неопходен дел на комплетниот безбедносен апаратус на Русија. Ова е истиот Кремљ кој пред неполна година размислуваше за укинување на ГРУ.

17 ми је година, још се нисам разнела

Стануваат родителите и сфаќаат дека нивните две ќерки тинејџерки ги нема дома. Добра вест: подоцна маливе се јавуваат. Лоша вест: се јавуваат од Сирија, ќе терале џихад.

Закон убер алес

Германец е казнет затоа што возел велосипед со една рачна кочница, и покрај тоа што полицаецот можел да види дека човекот што го казнува има само една рака.

Зошто треба малку да се смирите околу мапата на ИСИС

Ако ги игнорираме фактите од типот дека никогаш не може да се случи, дека никогаш нема да се случи и дека нема сила на светот која би го извела овој освојувачки подвиг, посебно не во таа временска рамка, еден важен факт околу мапата е што таа воопшто не е ни направена од ИСИС.

Сложни лидери на суд не одат

Уште не раскрцкани штембилите на Африканскиот суд за Правда и Човечки права, лидерите на континентот седнаа на сеафрикански самит и се договорија да си дадат самите на себе имунитет од прогон за воени злосторства и геноцид.

Умерени до грло

Барак Обама од Конгресот побара 500 милиони долари за вооружување на :умерената" сиријска опозиција. Тоа што поимот умереност обично не го поврзуваме со вооружување, наш проблем.

Армија на работ на излудување

Комбинација од средновековно суров непријател, постојани порази, губење територии, дезертирање и недостаток на опрема, ја има донесено ирачката армија пред "психолошки колапс."

Монструмот што го предаде Мосул

ИСИС успеаа со 800 луѓе да ја разбијат 30-илјадната ирачка војска кој требаше да го одбрани Мосул. Главен виновник за ова е садистичкиот генерал на ирачката армија Ал-Гарави, човекот кој ја изгуби поддршката од жителите на Мосул и од Сунитите во своите единици.

Кој се бори во Ирак и зошто

Минатата недела падна Мосул, вториот по големина град во Ирак. Западните (ТВ) аналитичари затекнати целосно неподготвени од ситуацијата одма почнаа да роварат околу тоа кои се добрите, а кои се лошите, и што всушност се случува во Ирак кој тие го оставија во мир.

Како најужасните терористи станаа најбогати терористи

Меѓу информациите што ги имаше на над 100-те запленети УСБ дискови на ИСИС, ирачките власти открија некои детали за финансиската состојба на терористите. Детали од типот, дека на располагање имаат 36 милиони долари од продажба на антиквитети.

Талибанска кампања против гласање

На 11 мажи Талибанците викендов им го исекле показалецот како казна за тоа што гласале на избори. Не им било важно за кого гласале, туку затоа што гласале.

Во Ирак се случи нова Сребреница?

Непотврдени се информациите за масовното ликвидирање на Шиити во Ирак, но, судејќи по самите егзекутори, во Ирак е извршено групно стрелање на 1.700 лица.

Милијардери за студенти? Не баш.

Најбогатите 1 процент Американци добија уште една битка во Сенатот. Требаше да поддржат милиони луѓе да ги репрограмираат земените студентски кредити. Како па да не!

Зошто Западот дреме околу Сирија?

Јасно е дека Башар ал-Асад успешно продолжува да ја користи стратегијата заради која неговата династија веќе неколку децении е на власт, и покрај тоа што во изминативе 3 години уби десетици илјади Сиријци. Она што не е јасно, е зошто Западот е толку пасивен што остава сето тоа да продолжи.