Првиот случај на срушен цивилен авион е од 1955-та, кога бугарски МИГ-15 соборува летало на еден израелски авио-превозник кој навлегол во бугарскиот воздушен простор и ги одбил наредбите да се приземји. Тука умираат 58 патници и членови на екипажот.
Израелците прават нешто слично во февруари 1973-та, кога Ф-4 Фантоми го соборуваат Боингот 727 на Либија ерлајнс кој навлегува во воздушниот простор над Синај. Загинуваат 113 лица.
Во септември 1978-ма, терористи истрелуваат рачни ракети на авионот на Ер Родезија. Од 56 патници и екипаж, во падот на авионот умираат 38 лица, а десет се брутално убиени на земја од терористите. 5 месеци подоцна уште еден авион на Ер Родезија е соборен со ракетен фрлач. Тогаш сите 58 патници умираат уште при падот.
Во јуни 1980-та, ДЦ-9 на Aerolinee Itavia е срушен во близина на италијанскиот брег, при што загинуваат сите 81 патник и членови на екипаж. Меѓутоа се уште не се знае која е причината за неговото соборување (шпекулациите се дека тој е колатерална штета во прикриената воздушна битка меѓу авијацијата на Либија и НАТО, или дека на него била поставен бомба од уште непознати лица).
Во септември 1983-та советски Су-15 собори авион на Кореа Ерлјанс, откако тој на два пати влегол на советска територија. Загинаа сите 269 патници и членови на екипаж. Меѓу нив имаше и еден американски конгресмен. Советите претпоставувале дека леталото е американскиот шпионски авион RC-135.
Претходно во 1978-ма Советите удриле на уште еден корејски цивилен авион, овој пат над Мурманск. Авионот бил пресретнат од два Су-15, а благодарејќи на пилотот кој успеал да го приземји оштетеното летало, настрадале само двајца патници.
Јули 1988-ма, американскиот крстосувач У.С.С. Vincennes го собори Ербусот А300 на Иран Ер над Персискиот залив, притоа убивајќи ги сите 290 лица што биле во авионот. Оправдувањето на Американците за смртта на речиси 300 луѓе е дека сметале дека авионот е на иранската авијација и дека се подготвуваа да го нападне бродот.
По крајот на Студената војна, во септември 1993-та, руските сепаратисти во Абхазија, во рок од 3 дена уништија 3 Туполев авиони на Трансер Грузија (два беа соборени во воздух, еден додека се подготвувал да полета), притоа се убиени вкупно 136 лица.
Последниот случај е од септември 2001-ва кога Туполев на Сиберија Ерлајнс е соборен со проектил земја-воздух додека летал над Црното море. Убиени се сите 78 патници и членови на екипажот. Вината беше префрлена на украинска против-воздушна единица која учествувала во воена вежба.