
Многу домаќински, израелската воена авијација прво чука онаму каде што сака да влезе. Од објективни причини, не чука на врата туку на покрив. А чука не за да влезе туку за да избегаат домаќините. Оти набргу ќе им влезе ракета во куќа.
Лаконски, на тоа се сведува тактиката roof knocking. Целта на авио нападот прво бива предупреден со мала експлозија, што џентлменски се објаснува како пружање шанса на цивилите во тој објект да го напуштат местото. По кратко време, истиот објект кој е означен како легитимна воена цел на Хамас или останатите палестински милитантни, бива темелно разорен.
Како во следното видео:
Израелската војска смета дека е ова пристоен начин да се намалат цивилните жртви. Од друга страна, за Палестинците ова е само уште една брутална алатка во психолошката војна против нив, бидејќи времето меѓу предупредувачкиот и конечниот удар е премал за да избегаат невините жртви.
Израелската разузнавачка служба Шин Бет лесно влегува во комуникациската мрежа на непријателот па некогаш наместо "чукање по покрив" на луѓето им се испраќаат СМС пораки дека објектот во кој се наоѓаат наскоро ќе го снема. На вакви начини биле уништени многу домови на значајни луѓе на Хамас.