Овој проблем во УСАИД го решава др. Раџив Шах кој треба да балансира помеѓу тоа да купи што е можно повеќе храна, што е можно поблизу до местото на несреќата, и истата да им ја распредели на жртвите што е можно побрзо. Маката е втората точка.
УСАИД е заплеткан во застарена бирократија, заради што целата храна што ја дели агенцијата мора да биде купена во САД, па потоа со бродови однесена до местото на несреќата.
"Потребни ни се 3 месеци за тука да купиме храна, да ја испорачаме и таа да стигне, да речеме до Филипини. Ни требаат два до три месеца за ова да се заврши," изјавил Шах за СиЕнЕн.
Според одговорните во американската администрација за ревизија на трошењето пари, 65% од парите во хуманитарната програма се потрошени на испорака и бизнис трошоци, не на храна.
"Во последните 10 години нашиот капацитет да стигнеме до луѓето беше намален за половина. А преполовен е заради повисоките цени на храната, повисоките трошоци за превоз и заради структурата на трошоците на нашата програма," објаснува Шах.
Неговата процена е дека кога би имале слобода каде да ги трошат парите и да ја купуваат храната (што поблиску до несреќата), УСАИД би можел да нахрани дополнителни 8 до 10 милиони луѓе годишно, и сето ова за многу пократко време.
Наспроти Шах и неговите намери и желби за подобрување на системот, стојат 65 земјоделски и поморски организации кои лобираат кај претседателот и Конгресот, САД да ја задржи својата улога во помошта во храна; синдикатите на транспортните работници (кои во кампањата за изборите за претставничкиот дом донирале околу 750 милиони долари); и транспортни компании (како Маерск) кои имаат милијарди долари во договори со американската влада.
После 5 години обидувајќи се да се ослободи од ограничувањата, Шах денес може флексибилно да троши 20% од буџетот, што според него не е ни приближно од тоа што им треба.