ИСИС до парите доаѓаат за време на престојот во ал-Набек, Сирија, град преполн со антиквитети стари и до 8.000 години. УНЕСКО проценува дека глобалната трговија со старини од конфликтни зони вреди над 2,2 милијарди долари, а ИСИС работи на неа некаде од 2003-та, во времето кога почнува инвазијата на САД на Ирак.
"Само во ал-Набек земаа околу 36 милиони долари. Таму антиквитетите се стари до 8.000 години. Пред ова, западните власти нè прашуваа од каде им се парите, 50.000 долари од ваму, 20.000 долари од таму. Тоа беше смешно. Сега и тие знаат и ние знаеме. Сето ова сами го направија. Не ги спонзорира ниту една држава, што сето ова време го знаевме. А не им ни треба," изјавил претставник на ирачките тајни служби кој бил дел од тимот што ги запленува УСБ дисковите.
Најголемиот дел од крадците на антиквитети се обични копачи, кои добиваат од 1 до 2 проценти од ископаните предмети. Тие предметите потоа им ги предаваат на ИСИС, кои во зависност од случајот или им ги продаваат на дилери и аукциски куќи, или ја тераат целата продажба до крајниот купувач.
Овие 36 милиони се само дел од 515 милиони долари што ИСИС ги имаа пред влегувањето во Мосул. Откако ги ограбија резервите на централната банка во Мосул, нивното салдо беше дополнето со уште 1,5 милијарди долари.