Свет

Мажи што треба да пробаат молчење

Неколку дена откако 12 и 14 годишно девојче (инаку братучетки) беа силувани па обесени на дрво, се огласи министерот за внатрешни на индиската сојузна држава Мадја Прадеш, според коj силувањето е криминал, ама "понекогаш тоа е во ред, а понекогаш не е."

Не праќајте оружје во Украина

По претседателските избори во Украина воскресна идејата дека САД треба да и помогне на земјата (како што тоа го прави секогаш кога помага) и да и испорача оружје. Теоретски ова е добро затоа што ќе покаже дека САД стои зад новата влада. Во пракса ова е лошо затоа што ќе создаде погрешна претстава дека САД планира да се потруди околу Украина.

Уставот не е парче хартија

- Дали е точно дека американска заклетва секогаш се дава со положување рака на корица нa Библија?
- Обџекшн, го аналогизирате сведокот!

Како завршуваат војните во 21-от век

На 1 час пред да ја објави одлуката за крај на војната во Авганистан, Обама изјави "Го обожавам овој настан," мислеше на средбата во Белата куќа со надарени ученици и нивните научни изуми.

Европа е добро... за сега

На последните парламентарни избори во ЕУ партиите од центарот го задржаа удобното мнозинство што и до сега го имаа во однос на остатокот. Проблемот е што за разлика од претходно, сега во остатокот има многу радикални националисти, избрани од многу млади луѓе.

Комунистички офицер и демократски џентлмен?

На југословенскиот Ден на Младоста, на 90 годишна возраст во Полска почина еден тамошен главен лик од тие времиња. Војчех Јерузелски извади тенкови против народот и го затвори Лех Валенса, но само 5 години откако вториов стана претседател, имаше поголем рејтинг од него.  

Извештај од Украина

Репортажата е од околината на Славјанск, од позициите на Украинците (не на украинската армија). Кога ќе го загледате видеото, прва асоцијација што доаѓа се снимките на Јутел на почетокот од 90-те.

Ништо руско да не припари во ЕУ

Како што малку попушта студот, така ЕУ почнува да изгледа како некој што сака да преземе нешто против Русија заради нејзиниот излет во Украина. Списокот на работи кои ЕУ планира да ги забрани за увоз во Унијата, изгледа како на Гугл да побарале листа на клучни зборови кои се поврзуваат со Русија.

Што напишал Џохар Царнаев во чамецот

Криејќи се во чамецот во кој подоцна беше фатен, еден од браќата кои го изведоа масакрот на бостонскиот маратон, пишувал манифест како не можел веќе да издржи неправди. Брат му веќе да ти бил во рајот.

Ој машино, јебем ли ти пругу

Главниот оператор со француските возови, компанијата SNCF откри дека новите 2.000 воза за кои потрошила неверојатни 15 милијарди долари не ги собира на голем дел железнички станици во земјата.

Дали Обама го остава Путин сам да се уништи?

Првичниот неуспех на Обама да се справи со Путин во основа може е само дел од долгорочната стратегија на неправење ништо, која би требало да резултира со пропаѓање на целиот план на рускиот Претседател.

Во случај на грабеж, тивко

Бразилската полиција состави упатство за туристи што ќе дојдат на Мундијалот во јуни, во кое ги замолува ако им дојде ред да бидат ограбени, да не прават многу галама, за свое добро.

Американците добиваат незгоден комшија

Додека очите на Вашингтон се свртени кон неговите потези околу Украина, Путин тивко но сигурно влегува во нивното најблиско соседство, масовно вооружувајќи сè што се наоѓа јужно од Рио Гранде.

Решението за сè чека некој да го кликне

Можно е човек да го има најдено одговорот за сите светски проблеми, ама решил да го стави во ПДФ и да и го даде на Светската банка, па затоа уште сме заглавени на исто место. Како тоа?

Другата армија на Путин

На 22-ри април Путин им даде медали на 300-та луѓе. Две недели никој не знаеше кој и како се овие луѓе. Кога се откри списокот излезе дека секој од овие 300, без исклучок, се новинари.

Моника Левински ја отвори душата за Клинтон

"Време е да се запали баретката и да се закопа синиот фустан," напиша Моника Левински во Ванити Феир во своето прво излагање околу аферата со поранешниот американски претседател. "Јас, лично, длабоко жалам за она што се случи меѓу мене и Претседателот Клинтон. Да ви повторам: Јас. Лично. Длабоко. Жалам."

Фронтот на руско-украинската граница

Од 13-ти март Русија одржува константни воени вежби на границата со Украина. За овие потреби таму имаат распоредено 45.000 војници. Карши нив Украинците имаат 70.000 војници, ама не се сигурни колку од нив се лојални на Киев.

Старбакс престана да купува кафе

Најпопуларниот светски ланец за кафе цел месец нема купено ни зрно сировина. Скапо му е.

Како Стерлинг ќе направи богатство од расизмот

За тие што не ги читаат статиите под нет-рулет, Доналд Стерлинг е сопственикот на Клиперси кој е снимен како на својата девојка и кажува "веќе да не му носи црнци на натпревари и да не се слика со нив." Ова предизвика невиден скандал (за кој се изјасни и Обама), кој заврши со тоа што Стерлинг е казнет со 2,5 милиони долари и бркање од НБА. Пресметковно, Стерлинг е жив ќар од ова.

Што ќе се случи ако секој можен имигрант си замине од Британија

Главната паника што сакаат десничарите да ја внесат за време на изборите за ЕУ во Британија е дека моментално во остатокот од Унијата има 26 милиони луѓе кои се со спакувани куфери и на низок старт чекаат за да дојдат на островот и да им ги земат сите можни работни места.

Во потрага по милијардите на Путин

На листата Руси што се најдоа под санкции на САД, се издвојува името на Генадиј Тимченко, човекот кој е делумен сопственик на компанијата Гунвор Груп (4-ти по големина трговец со нафта во светот и која во 2013-та имаше приходи од 90 милијарди долари). Се верува дека ова е човекот што ги пази парите на Путин во фирмата.

Путин Велики

Претпоставката е дека намерата на Путин е да ги повтори славните денови на Русија, како кралство, не како сојуз. Ова во основа би значеле повеќе непријатни работи за околината.

Зошто луѓето околу Ким Јонг Ун секогаш запишуваат нешто

Ако некој е најмудар, најобразован и супериорен во секоја смисла, тогаш е сосема разумно да го запишуваш секој збор што ќе ги изговори. И да не е таков човекот, пак е подобро да го извадиш тефтерот и да пишуваш.

Европа и нејзините стари навики

Во име на мирот во Украина Запад неодамна потпиша договор со Путин. Во име на мирот Европа потпиша и во 1938-ма, кога на Хитлер му понуди делови од Чехословачка.