Идејата е да се предупредат туристите дополнително да не ги провоцираат крадците со викање или давање отпор, и со тоа да го избегнат се почестото "latrocinios," - кражба која завршува со убиство.
"Луѓето претежно доаѓаат од Европа и САД, каде што не гледаат често ваков криминал," објаснува првиот човек на мундијалското обезбедување во Сао Паоло, Марио Лете, според кој "не вреди да се плаче по истуреното млеко."
Туристите се предупредени и да не парадираат со скапи предмети кои би можеле да ги привлечат крадците, навечер да бидат внимателни, и да се осигураат дека се со други луѓе и дека никој не ги следи.
Инаку, стапката на убиства во Бразил во 2012-та беше 25 луѓе на 100.000 жители. Бразил има 200 милиони жители.
Постаро видео од обид за грабеж на мотор во Бразил: