Свет

Како Чикаго стана Chiraq

За време на велигденскиот викенд (сабота, недела, понеделник) на улиците на Чикаго биле застрелани вкупно 45 луѓе, од нив 6 деца. Не како дел од масакр, туку редовни престрелки меѓу банди и криминалци. Chiraq = Chicago + Iraq.

Пет прашања за Путин

Рускиот претседател деновиве го имаше годишното одговарање на прашања од граѓаните во живо на телевизија (му беа поставени 2,5 милиони, одговори на 81 прашање). Украинскиот новинар Андреј Ближо има 5 прашања кои или никој не му ги поставил на Путин, или не биле ставени пред него да ги одговара.

10.000 долари за секој фатен руски "саботер"

Наградата ја дава украинскиот енергетски тајкун Игор Коломоиски, а се што треба да направите за неа е да уапсите некој од Русите што освојуваат на истокот од Украина и да го одделите од неговото оружје.

Како би изгледала можната руска инвазија на Украина

Она што тргна како кримска верзија на "нико не сме да вас бије," се разви во окупација на околу десет украински градови (на страна од тие на Крим). Заради ова и идејата за евентуална руска инвазија на Украина и не изгледа така неверојатна.

Серискиот руски великомаченик

Сето она што се случува во Украина во основа е проследено со три типа на репортажи: видео од војска руска/украинска, видео од демонстрации и видео од настрадани граѓани. Последнава тема, станала сомнителна.

Што не може со пендрек, може со статистика

Чикашката полиција нашла ефикасен начин како да ја намали стапката на криминал во градот. Со негово преименување.

Кинеската монструозност од мегалополис

Главниот економски планер на Кина има изработено проект кој предвидува спојување на неколку општини од Пекинг со градот Тиенцин и делови од провинцијата Хебеј. За да ви биде појасно, он планира да направи мегалополис од 100 милиони луѓе. (Германија има 82 милиони жители.)

Линчување во Аргентина

Затоа што на полицијата не и е гајле или е мрзлива, затоа што судовите се премногу толерантни за она што се случува кај друг во маало, Аргентинците почнаа сами да ги решаваат проблемите со локалните криминалци.

Длабокиот проблем на летот MH370

Во изминатите 3 дена австралиската и кинеската морнарица успеаа да фатат сигнали од црната кутија на исчезнатитот малезиски авион. Сега има проблем кога сфатија од колку длабоко доаѓа сигналот.

На никој не му е гајле што мислиш, освен ако не си богат

Во политиката има три главни фактори што влијаат на донесувањето на политичките одлуки: колективното мислење на просечниот граѓанин, колективното мислење на богатите, лобијата и групите на интерес. Забелешка: сите три не се подеднакво важни.

Зошто отвораме Фејсбук, кога ни е глупо кога отвораме Фејсбук

Објаснувањето се сведува на нешто што се вика грешка во "емоционално пресметување." Ова значи - пред да отвориме Фејсбук, мислиме дека ќе ни биде поубаво отколку што ни е.

Колку помалку знаеш, толку повеќе сакаш војна

Ситуацијата е ваква, колку помалку Американците знаат каде воопшто се наоѓа Украина, толку повеќе се расположени Америка воено да интервенира во целата работа.

Стејт Департментот без сметко-потврди за 6 милијарди долари

Паниката во Стејт Депарментот е дека им фалат пишани документи за договори кои го делеле во последниве 6 години (низ светот и дома) и за кои имаат исплатено околу 6 милијарди долари.

"Јадете свинско или гладувајте"

Лидерот на крајно десничарскиот Национален фронт на Франција порача дека нема да дозволи училишните мензи да ја прилагодуваат храната според религиозните правила на исхрана.

Како УСАИД не направи кубански Твитер?

Американската листа обиди за соборување на Фидел Кастро е полна со резили. Од праќање мафијаши, преку отров во пурите па до ставање сол во чевлите за да му падне брадата. Последната брука ја откри Асошиетед прес и е поврзана со правење локален Твитер кој подоцна би се употребил за политички немири.

Како богатите ги трошат парите

Во изминатите 30 години трошокот на богатите за образование е зголемен за речиси 2 пати. Во истиот период сиромашните ја имаат истата грижа ама на тема кирија.

Америка легализираше купување политичари?

Корупцијата за време на изборите повеќе не е прекршување на законите на САД, откако Врховниот суд (поделен по идеолошка основа) одлучи да ги укине сите ограничувања за тоа колку пари поединците можат да им донираат на кандидатите и политиките партии за време на изборната кампања.

Шведска станува Северна Кореја

Замисли брутален, тоталитарен кошмар од режим кој масовно извршува нечуени садистичи дела и ги уништува животите на граѓаните, без воопшто да има некаква дилема за тоа. Сега замисли ја Скандинавија. Може на тебе не ти оди, ама Христијанската телевизиска мрежа (од САД), вака ја замислува Шведска.

Кој за колку плата работи во САД

САД имаат 248.760 луѓе кои се вработени како ЦЕО-а. Наспроти нив на ниво на цела Америка има вкупно 5.570 забни специјалисти (протетичар). Просекот на првите е 178.400 долари годишно (без акции и бонуси), просекот кај вторите е 196.270 долари.

Новиот најсиромашен светски лидер

Уругвајскиот претседател Хосе Мухика има репутација на скромност и штедливост која до сега не беше надмината од ниту еден друг светски лидер. Тоа е се додека на власт во Непал не дојде нов премиер. Не е трка, природно им доаѓа да бидат скромни.

Наивноста на дистанцата

Буш, Клинтон и Обама, имаат сличности со Асад, Арафат или Путин, колку што имаат и со Мики Маус. На кратко, Американците мислат дека го разбираат светот. Ама нивната одделеност од него, и идеализмот, наивноста, ароганцијата и незауздениот прагматизам кој го носи одделеноста, раскажува друга приказна, пишува во анализата на магазинот Форин Полиси.

Сардинија, земја швајцарска

Како во совршена балканска приказна, моментално има две групи на луѓе сместени во две различни држави, кои веруваат во промена на една иста граница во Европа. Како во ниту една приказна, тука Швајцарија е потенцијалниот агресор.

Бразил го освојува Рио

Упаѓајќи рано наутро бразилската полиција ја окупираше фавелата Маре, една од најголемите во Рио де Женеиро, и од неа треба да ги исчисти нарко-картелите и да ја растури трговијата со дрога пред почетокот на Мундијалот. Влегоа со цела сила.

Кина најде каде ѝ се изгубиле 14,5 милијарди долари

Парите цело време да ти биле кај поранешниот кинески шеф за безбедност Жу Јонгканг, одговорен за комплетниот безбедносен апаратус во Кина. Ова е највисокиот функционер што е уапсен во Кина од доаѓањето на власт на комунистичката партија.