Телевизијата (Christian Broadcasting Network - CBN) емитуваше репортажа во која објаснува дека Шведска, која долго време се смета за една од најздравите либерални демократии, е на добар пат да се претвори во Северна Кореја.
Главна причина зошто Шведска би станала ваков пекол е политичката коректност, посебно борбата против - исламофобија и ксенофобија.
"Шведска ја споредуваат со неколку нации кои се обиделе да изградат совршени општества, како Северна Кореја и Советскиот сојуз," објаснил репортерот на CBN, Дејл Хурд.
Самиот Хурд признава дека во Шведска не е многу веројатно дека властите на сред ноќ можат да ти упаднат дома, да те уапсат и да те испратат во затворенички камп или да те убијат на лице место, ама затоа предупредува дека ако имаш погрешно мислење во Шведска "твојот живот ќе стане многу непријатен."
Откако Хурд завршил со репортажата, по него продолжил сопственикот на телевизијата, телеевангелистот Пат Робертсон, кој ги предупредил Американците дека ако не се внимателни, еден ден Америка ќе тргне по патот на Шведска.