Откритието следува по внатрешната инспекција на Департманот во која се откриени "значителни финансиски ризици и недостаток на внатрешна контрола." Проблемите почнале да се појавуваат откако главниот инспектор на Стејт Департментот, Стив Линик, за време на проверката почнал да бара примероци од договорите што ги склучувале најразлични бироа.
Од 155 договори во врска со активностите на Департментот во Ирак, службените лица можеле да обезбедат комплетни документи за само 34 договори. 48 содржеле легално недоволни информации, а останатите 33 (во вредност од 2,1 милијарда долари) биле прогласени за исчезнати.
Ситуацијата била уште полоша во Бирото за африкански работи, каде службениците немале комплетни документи за ниту еден од 8-те договори (во вредност од 35 милиони долари) кои биле побарани за ревизија. Во Авганистан два договора на неограничено време, во вредност од 1 милијарда долари, немале комплетна документација.
Во анализата биле откриени и некои кај нас локално познати работи:
"Во истрагата, беше откриено дека недостасува документацијата која покажува дека договор од 52 милиони долари е променет и е доделен 'на компанија во посед на сопружникот на изведувачот на работите.' Во друга истрага, документ за договор во вредност од 100 милиони долари 'е неправилно одржуван и скриен на одредено време,' од страна на лицето задолжено за доделување на договорот."