Примерот за оваа пракса во Аргентина доаѓа преку Мексико и Централна Америка каде граѓаните веќе некое време вака ги решаваат локалните проблеми.
Минатата недела во период од 72 часа, беа пријавени три вакви инциденти во Аргентина.
На 5-ти април, жителите од Гарупа (североисточна Аргентина) тргнаа да го линчуваат братот на човек кој беше уапсен за убиство на 18-годишник. Уапсениот е еден од неколкумина кои беа задржани од полицијата, а кои од соседите се обвинети дека се членови на семејство на локални крадци. Толпата од стотици луѓе го фатија братот на еден од нив, го каменуваа и тепаа цели три часа пред да дојде полицијата. Кога се појавиле полицајците човек бил речиси пред смрт.
Во Мерло, во близина на главниот град, момче беше фатено како крши прозорец од комбе. Несреќата за него е што во близина беа сопственикот на комбето и неколку соседи, кои го легнаа на улица и почнаа да го воспитуваат додека да дојде полицијата.
Во Сантиаго дел Естеро (северна Аргентина), локаците пречекуваат едно 17 годишно момче и го претепуваат затоа што украл и продал мотор. Потоа го качиле во автомобил и го однеле до местото каде што го продал моторот.