1. Средната плата на професионален спортист во САД е 39.050 долари, што е помалку од тоа што Мајами Хит му плаќа на Леброн Џејмс за една четвртина.
2. Секое 17-то работно место во САД го држи продавач/ка или касиер/ка. Во САД има 4,5 милиони луѓе кои вработени како продавачи, повеќе отколку во која било друга професија. На второ место се касиерите со 3,3 милиони. Просечната плата за овие позиции: 12,2 долари на час за продавачи и 9,82 долари на час за касиери.
3. Анестезиолозите имаат највисока просечна плата во споредба со која било друга професија: 235.000 долари годишно. Заработуваат повеќе и од докторите што ги вршат операциите. На второ место се хирурзите со просек од 233.150 долари годишно.
4. Просечната годишна плата на човек што се грижи за животни (22.510 долари), е поголема од просечната плата детска негувателка (21.490 долари).
5. Од 10-те најраспространети професии, само регистрираните медицински сестри - со просечна годишна плата од 68.910 долари - заработуваат повеќе од националниот просек за сите професии (46.400 долари).
6. Тренерите и операторите на опрема во нафтената и рударската индустрија земаат точно средна плата на ниво на сите професии во САД - 42.790 долари.
7. Работата со најниска просечна плата е готвач на брза храна, кој добива 9,07 долари на час. Вртењето плескавици, е само една од 3-те професии со просечна плата под 19.000 долари годишно. Останатите две се луѓе што перат коса (во фризерски салони), и луѓе што служат брза храна.
8. Операторите на реактори во нуклеарните централи во просек заработуваат 78.410 долари годишно. Ова е помалку од агенти за недвижности (82.380 долари) и менаџери на погребални компании (80.250 долари).
9. Америка има 4,6 специјалисти за ПиАр на секој репортер или известувач. ПиАр специјалистите годишно во просек заработуваат 40% повеќе отколку новинарите.
10. Средната годишна плата на економистите е 93.070 долари, додека нивната просечна плата е 101.450 долари.