Кога стапката на криминал во градот забележала рекордно високи размери во 2012-та година, градоначалникот на Чикаго Рам Емануел го соочил првиот човек на полицијата со избор: или да го среди проблемот или да даде оставка.
Оттогаш, бројот на извршени кривични дела рапидно опаѓа, според некои проценки и до 56 проценти.
Но, во она што градските власти триумфално го нарекуваат победа во борбата со криминалот, Chicago Magazine открива обична травестија со бројки.
За да ги удоволат барањата кон нив, полицајците почнале да ги преименуваат случаите, па голем број кривични дела завршувале како прекршочни случаи. Магазинот обелоденува и низа примери во кои случаи со смртни исходи кои според медицинските вештаци биле убиства, во полициските извештаи завршувале оценети како случаи на ненасилна смрт.
Добар дел од семејствата на загинатите се сега револтирани бидејќи очекувале полицијата да ги најде виновниците додека цело тоа време, нивните случаи биле заведени како ненасилни.