Големината на стапката на повратници на Фејсбук е сериозна кога во предвид ќе се земе колку лошо влијае мрежата на нас. До сега потврдено е дека Фејсбук не' прави: љубоморни на другите, може да направи да се чувствуваме осамено или најдиректно да ни го уништи расположението.
Целата работа ја анализираат истражувачи од Универзитетот на Инсбрук, Австрија. Нив ги интересира, зошто одиме на ФБ, кога се знае дека тоа прави лошо да се чувствуваме. Учесниците во анализата се поделени во три групи: едните не прават ништо и само седат, другите сурфаат општо на интернет, а третите се на Фејсбук (кај сите три групи ова трае по 20 минути). Овие што биле на Фејсбук изјавиле дека сега се во полошо расположение отколку кога почнале, како и тоа дека побезначајно го потрошиле времето.
Она што го открива дополнителната анализа е дека сето време кога не сме на Фејсбук, ние мислиме дека ќе ни биде интересно ако се вклучиме.
"Корисниците изгледа погрешно го предвидуваат емоционалното влијание на користењето Фејсбук. Луѓето како да не се свесни за тоа дека тој влијае лошо на расположението," објаснуваат истражувачите Кристина Сагиоглу и Тобијас Гритмајер.
На оваа статија и претходат неколку други кои потврдуваат дека луѓето се ужасно лоши во проценување на тоа како ќе се чувствуваат во блиска иднина. Тие имаат тенденција да преценат колку ќе бидат несреќни по негативни настани (како раскинување со партнер или губење работа), или колку ќе бидат среќни по нешто позитивно (да им победи омилениот клуб или да им се падне на лото).
Најверојатното објаснување за целиот Фејсбук феномен е во тоа што правите, односно разликата меѓу активно (пишување на ѕид, ставање слики...) и пасивно (скролање на њуз фидот) користење на Фејсбук.
"Нашите бројки покажаа дека пасивното сурфање е посебно бесмислено, додека комуницирањето на Фејсбук нема вакви негативни ефекти. Во основа, пасивното консумирање на информациите од другите луѓе се смета за губење време, и затоа го расипува нашето расположение. Затоа препорачувам помалку од тоа," објаснува Сагиоглу.