Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Македонија повторно воздржана во ОН за Палестина

13 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Генералното собрание на Обединетите нации со огромно мнозинство гласови усвои нова декларација за поддршка на формирањето држава на Палестинците, покрај Израел, но без влада на Хамас.
  • За декларацијата гласаа 142 членки на ОН, а 10 беа против. Македонија беше меѓу 12-те воздржани, покрај Албанија, Чешка, Камерун, ДР Конго, Еквадор, Етиопија, Фиџи, Гватемала и Јужен Судан. Меѓу деветте земји што му изразија поддршка иа Израел и гласаа против беа и САД и Унгарија.
  • Во документот се осудуваат нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, како и нападите на Израел врз цивили и цивилна инфраструктура во Газа, опсада и изгладнување на Палестинците што резултирало со хуманитарна катастрофа. 
  • Шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро изјави дека резолуцијата обезбедила меѓународна изолација на Хамас. „Денес прв пат ОН усвоија текст во кој се осудува Хамас поради злосторства и се повикува да се предаде и да се разоружи“, изјави Баро.
  • Декларацијата нема обврзувачки карактер и се смета за вовед во средбата на светските лидери на 22 септември, на која се очекува Франција и Британија официјално да ја признаат палестинската држава. 
извор

Такер Карлсон: Нетанјаху го притиска Трамп да удри со нуклеарка врз Иран

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Американскиот претседател Доналд Трамп би можел веќе наредните денови да нареди нуклеарен напад врз Иран, тврди конзервативниот коментатор Такер Карлсон.
  • Според неговите информации, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху секојдневно врши силен притисок врз Трамп да го одобри нападот а тој би можел да донесе одлука до 7 ноември.
  • Мета би била планината Пикакс во централен Иран, каде што, според израелските разузнавачки информации, иранската влада ја рестартирала својата програма за збогатување ураниум. 
  • Карлсон оцвенува дека Нетанјаху е во незавиодна положба по изборите и дека не може да формира влада без директно посредништво на Трамп, за поддршка од најмалку 61 член на Кнесетот.
  • Во спротивно Нетанјаху би го изгубил премиерското место и би се соочил со истраги а можеби и затвор.
  • „Нетанјаху мора да остане близок до Трамп. Нему му е потребна оваа војна“, напиша Такер Карлсон.
извор

Се блокираат уште 104 места за нелегално онлајн коцкање

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Министерството за дигитална трансформација (МДТ) информира дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.
  • Со тоа, вкупниот број налози за блокирање достигнува 462.
  • АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.
  • „Воедно, ги повикуваме родителите и старателите да посветат дополнително внимание на онлајн активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во интернет-просторот“, порачуваат од министерството.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Јаки духови, јаки расположенија

Разно
3

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина
4

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

5

Јанез Јанша за ЕУ: Што мислевме, што испадна?

Свет
6

Реметење билдери на отворено

Видео
7

Пак статива

Македонски рулет
8

Почина Мишо Хрњак од Азра

1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

3

Јанез Јанша за ЕУ: Што мислевме, што испадна?

Свет
4

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
5

Трамп и Епстин се карале за 13-годишно девојче

Свет
6

Почина Мишо Хрњак од Азра

7

Влади на 33 земји ги плашат граѓаните со војна

Свет
8

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Знаевме дека нема да се застанат само на ваучери

Што е тајната на големите попусти

Нема место за паника, инвестициите се сигурни!

Точно е за она за клинот, само сменете клин

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy