Бразил го освојува Рио

Упаѓајќи рано наутро бразилската полиција ја окупираше фавелата Маре, една од најголемите во Рио де Женеиро, и од неа треба да ги исчисти нарко-картелите и да ја растури трговијата со дрога пред почетокот на Мундијалот. Влегоа со цела сила.

Во акцијата имало пешадија од 1.000 полицајци придружени со оклопни возила и хеликоптери. Од акцијата се пренесува само дека во неа се запленети "големи количини на дрога и оружје."

Како подготовки за Мундијалот и Олимпијадата во 2016-та, полицијата во изминатите неколку години постави полициски единици за пацификација во 174 фавели низ Рио, кои покриваат околу 600.000 жители. Во фавелите на градот живеат околу 1,4 милиони луѓе.

Организаторите одлучија да ангажираат уште 70.000 лица за обезбедување на Мундијалот, со што вкупниот број на обезбедувањето порасна на 170.000.

1 април 2014 - 15:14