Се работи за Сардинија, а идејата е дека таа треба да стане 27-от кантон на Швајцарија, со тоа што Рим ќе ја продаде Сардинија и островот ќе биде анектиран. Во зделката Италија добива пари кои очајно и требаат, Швајцарија конечно ќе добие малку брег, а жителите на Сардинија ќе бидат ослободени од турбулентниот однос со италијанската влада.
Од другата страна, во целата приказна се вклучуваат и швајцарските конзервативци, кои со задоволство би додале и еден поморски кантон во својата држава, меѓутоа во крајно швајцарски манир веруваат дека за ова "треба да решат граѓаните на референдум."
Додека да се случи референдумот за отцепување од Италија, швајцарските десничари предлагаат: "Жителите на Сардинија да управуваат со својата автономија како што тоа би го правеле во Швајцарија, без никаква помош од Италија. А во меѓувреме конфедерацијата ќе организира воена флота кој ќе ги чува водите на Сардинија."