Идејата е дека спојувањето на овие три области ќе го олесни притисокот врз Пекинг по основа на сообраќај, население и живеалишта, заради што главниот град има проблеми со загадување, недостаток на вода и поплава од мигранти.
Регионот кој ќе се спои со овој план меѓу народот веќе е познат како "Jing-Jin-Ji" ( (Bei)jing, (Tian)jin и Хенеј, кој понекогаш се означува со карактерот - ji). Неговата површина се очекува да биде околу 216.000 километри квадратни (Македонија има 25.700 километри квадратни). Вкупното економско производство на Jing-Jin-Ji се очекува да ја надмине сумата од 970 милијарди долари годишно (што е 10,9% од БДП-то на Кина).
Помалку мегаломанските планови за спасување на Пекинг предвидуваат селење на дел од администрацијата во соседните градови, и подобрување на транспортната мрежа и јавниот транспорт кон околината на Пекинг со цел поголем број семејства да се решат да живеат надвор од градот.