Наивноста на дистанцата

Буш, Клинтон и Обама, имаат сличности со Асад, Арафат или Путин, колку што имаат и со Мики Маус. На кратко, Американците мислат дека го разбираат светот. Ама нивната одделеност од него, и идеализмот, наивноста, ароганцијата и незауздениот прагматизам кој го носи одделеноста, раскажува друга приказна, пишува во анализата на магазинот Форин Полиси.

Во текстот за ФП, Аарон Милер објаснува дека проблемот е што САД на север и југ се наоѓа во сендвич меѓу две не-грабливи сили, а од исток и запад е опколен со риби. Заради ова, и тоа што Америка никогаш не искусила "окупаторска чизма," Американците не можат да го разберат и да се справат со однесувањето на останатите сили и народи во светот.

Една од клучните разлики меѓу Америка и остатокот од светот е историјата, поточно тоа што Американците не обрнуваат внимание на неа.

"За големите сили кои се подготвени да учат, историјата може да биде корисна вежба за понизност и разум - предупредувачка приказна за тоа како треба да се избегне гревот на сеприсутност и сезнаење. За малите сили, историјата може да биде замка и да создаде реалност која изнудува постапки базирани на минати трауми, рани, победи и понижувања. Американците очекуваат другите да минат преку минатото, ама за најголемиот дел од светот се уште важи познатата реченица од Requiem for a Nun: 'Минатото никогаш не умира. Тоа дури не е ни минато.'

На кратко, кај малите сили историите имаат долга сенка," пишува Милер.

Гревот на американските лидери е што премногу се потпираат на својата способност за убедување додека разговараат со "овие тврди лидери, од уште потврди населби или го потценуваат капацитетот на нивниот партнер едноставно да рече - не."

"Американците изгледа ги буни фактот дека таквите лидери носат одела и вратоврски, па заради тоа веруваат дека може да се прават долгорочни договори со нив. Секако, од време на време можни се краткорочни придобивки, и навистина постојат исклучителни лидери и моменти. Ама овие се ретки и некогаш трагични: Садат и Рабин платија со своите животи за нивното миротворство, а претседателите на САД пишуваа мемоари за тоа како за малку постигнале мир.

На кратко, Американците мислат дека го разбираат светот," објаснува Милер.

2 април 2014 - 16:12