Како богатите ги трошат парите

Во изминатите 30 години трошокот на богатите за образование е зголемен за речиси 2 пати. Во истиот период сиромашните ја имаат истата грижа ама на тема кирија.

Проблемот со бројките на американското Биро за статистики е што во земјата супер-богатите со тек на време стануваат се помоќни и побогати, па кога ќе се извади статистиката просечниот Американец не вклучува голем број Американци.

На пример, најсиромашната петина од Американците во просек трошат по 22.000 долари годишно, додека најбогатата троши по 100.000 долари (а кај најбогатиот 1% ова неколку стотици илјади долари годишно). Затоа, за да се извади просекот Бирото ги дели Американците во неколку групи.

Од бројките што бирото ги добива во изминатите 30 години, најголемата разлика меѓу оние со најмали и оние со највисоки примања, е колку пари трошат на живеалиште. Само околу 40% од најдолната петина поседуваат дом, додека кај Американците од најбогатата петина ова е над 90%. Како резултат, овие од врвот годишно трошат 21.000 долари на домување повеќе отколку оние од најдолните 20%. Оваа разлика во основа е поголема отколку целиот годишен приход на семејство со ниски примања. Разликата во парите потрошени за превоз на годишно ниво се 13.000 долари.

На страна превоз и домување, сиромашните трошат два пати поголем дел од својот буџет на храна за дома и сметки. Додека богатите, трошат повеќе на забава и образование. Во истиот период, кај богатите сериозно се намалил делот од буџетот што се троши на работи како читање, пушење и облека.

 

4 април 2014 - 17:19