Новиот најсиромашен светски лидер

Уругвајскиот претседател Хосе Мухика има репутација на скромност и штедливост која до сега не беше надмината од ниту еден друг светски лидер. Тоа е се додека на власт во Непал не дојде нов премиер. Не е трка, природно им доаѓа да бидат скромни.

74-годишниот Сушил Коирала на 11. февруари стана премиер на Непал. На влегување тој веќе беше познат по скромниот животен стил, пред се затоа што тој доаѓа од богато семејство (кое во основа е долга политичка династија која владее со конгресот на Непал) и уште на времето се има откажано од наследството.

Откако станува премиер тој на официјалниот сајт на владата објавува дека во свој посед има 3 мобилни телефони (од кои еден Ајфон, а еден не работи). Коирала не поседува никакво земјиште или недвижен имот, и пред да се пресели во официјалната резиденција тој живее под кирија. БиБиСи неодамна објави дека тој го вратил џепарацот од 650 долари што го добил за службениот пат во Бурма.

Слично како Уругваецот, така и штедливоста на Коирала потекнува од левичарската идеологија која ја следи од младоста. Сегашниот премиер некаде во 30-те години има лежено затвор за неговата вклученост во киднапирање на авион, во кој биле негови роднини што пренесувале пари за финансирање на нивната партија.

3 април 2014 - 10:00