Колку помалку знаеш, толку повеќе сакаш војна

Ситуацијата е ваква, колку помалку Американците знаат каде воопшто се наоѓа Украина, толку повеќе се расположени Америка воено да интервенира во целата работа.

 

Каде сè Американците ја наоѓале Украина

Вашингтон пост прво прави анализа за тоа колку Американците ја следат целата ситуација со Украина. Тука две третини им одговараат дека ја следат ситуацијата "од блиску." После тоа сакаат да видат колку воопшто знаењето на Американците е поврзано со нивните ставови за меѓународната политика.

Резултат: секој 6-ти Американец може да ја најде Украина на мапа, и во зависност колку повеќе ја утнале локацијата на Украина на светската мапа, толку повеќе сакале САД да се вклучи во работата.

Најголемиот број од испитаниците сметале дека Украина е некаде во Азија или Европа (имале такви што ја наоѓале и во Бразил), а просечното промашување изнесувало околу 2.900 километри (Скопје - Осло е 2.711 км со автомобил).

Генерално помладите испитаници (18 - 24 години) биле попрецизни отколку повозрасните, со точност од 27%. Мажите биле подобри во географија од жените (со точност од 20 наспроти 13 проценти), а околу 77% од луѓето со завршен колеџ не успеале да ја лоцираат Украина точно на мапа.

"Дали е важно дали Американците можат да ја најдат Украина на мапа? Претходните истражувања велат, да: Информациите, или недостатокот на истите, можат да влијае на ставот на Американците околу тоа какви политики сакаат нивната влада да спроведува, како и врз способноста на елитите да ја формираат агендата," објавува Вашингтон пост.

8 април 2014 - 16:22