Основната награда, беше дополнета со уште 44.000 долари за припадниците на националната гарда, кои успешно одбија напад на про-руската милиција, притоа убивајќи тројца од нив. Инцидентот се случи во средата, кога про-руската толпа тргна да ја зазема базата на украинската национална гарда. Овој напад е прва позначајна победа против анти-украинските сили, кои веќе ги имаат окупирано владините згради во најмалку 10 градови на истокот од земјата.
Наградата за ослободување на една владина зграда е 200.000 евра.
Целиот план предвидува субвенции и за самите "саботери" кои ќе добијат по 1.000, 1.500 и 2.000 долари за секоја вратена автоматска пушка, тежок митралез или базука.
Коломоиски минатиот месец потроши неколку милиони долари на купување акумулатори за воените возила на украинската армија, кои беа оставени во дефект заради финансиски проблеми. Тој исто така минатиот месец и јавно се испокара со Путин, нарекувајќи го "шизофреник и кус човек." На ова Путин му одговори дека тој е "уникатен натрапник."
Паралелно со ова има и контра понуда од еден казахстански бизнисмен, кој даде награда од 146 илјади евра за главата на Коломоиски.