Свет

Кина најде каде ѝ се изгубиле 14,5 милијарди долари

Парите цело време да ти биле кај поранешниот кинески шеф за безбедност Жу Јонгканг, одговорен за комплетниот безбедносен апаратус во Кина. Ова е највисокиот функционер што е уапсен во Кина од доаѓањето на власт на комунистичката партија.

Ако сакаше, ќе ја освоеше третина Украина

Проценката е на поранешниот заменик директор на ЦИА, според кого Путин веројатно и не е премногу заинтересиран за Украина надвор од полуостровот кој веќе го завладеа.

Што е пострашно, Русија на Путин или СССР?

Во една изјава од деновиве Обама го закачна Путин по најболното порачувајќи дека "Русија е регионална сила која им се заканува на соседите, не од што е моќна, туку заради слабост." (Целиот чатал од изјавата се издиша следниот ден кога Обама им се с’сна на европските членки на НАТО дека малку трошеле на војска.)

Говорот за Украина и Крим кој го раздрма германскиот Бундестаг

14 минутен манифест на лидерот на германската левичарска опозиција, во кој Грегор Гизи го расплете целото европско лицемерие околу кризата. Не дека е тој про -Путин туку затоа што Европа тешко се брани на ниво на нејзините декларирани принципи. Направивме синхронизација на целиот говор. 

Кримски Татари и зошто не се сите староседелци домородци

Опишувајќи ги Кримските Татари, кои се единствени жители на полуостровот кои не ја гледаат Русија како свој дом, во изминатите неколку недели најчесто се користи терминот "оригинални жители." Не многу правилно.

Девојката што отиде на факултет во розова блуза

Студентка облечена крајно регуларно по египетски стандарди (високи фармерки, блуза, марама) минува низ Универзитетот на Каиро. Со секој чекор што го прави зад нејзе се зголемува чопорот мажи. Сета оваа реакција е предизвикана од бојата на блузата. Скроз непријатно и за гледање.

Доверливите

Околу целиот скандал со НСА сигурно е тоа што тие барем внимаваат фајловите од прислушувањето да им се достапни само на дел од луѓето со специјално безбедносно одобрение. Тоа што во американската администрација има вкупно 5,1 милион луѓе со вакви одобренија, го прави овој дел многу голем.

Битката за Лондонград

Не многу туку безобразно многу руски пари има во британската престолнина. Толкава количина не може да биде игнорирана кога се формулира политиката кон Путин.

Шкотланѓаните го открија Балканецот во себе

Шкотска се подготвува за референдум по кој конечно ќе бидат башка - башка од Англија. Паралелно со ова и еден нивен автономен дел реши територијално да почне да се освестува па најверојатно и тие ќе бараат, нешто на границата со отцепување.

Меркел и Путин, статус: комплицирано

Германската канцеларка има една единствена фобија во животот: кучиња. Па за време на нејзината прва посета на рускиот претседател во 2006-та, тој и подари - куче. Ова не е од инает, туку Путин имаше за враќање.

Та не е саде Крим, та не е саде тука

Територииите останаа вечна тема на недоразбирања на овој свет. Крим не само што не е редок пример туку потсетува дека само десетина се тие земји на планетава кои не арчат енергија на оваа тема.  

Како да го покажеш Крим на мапа?

Откако Русија реши дека Крим е нивни, картографите од друштвото Национална географија треба да видат како да го претстават регионот, притоа да се фактографски точни ама и да не направат некој поголем меѓународен инцидент.

Човекот што ги продаде милионите за 13.000 долари

Сопственик на отпад за метал наидува на златно јајце, го проверува и открива дека може да го продаде за 13.000 долари. Не сме тука за 13.000 долари.

Дали САД би знаеле дека Путин има кеш кај нив?

Замрзнување на целиот имот на руските лидери (Путин) во САД е една од санкциите што Американците и ги наметнаа на Русија во врска со Крим. Сега уште треба да го најдат.

Како Украинците протестираа во Сочи

Параолимпијадата се погоди во исто време со случувањата на Крим. И покрај се' Украинците не сакаа да им и пропадне целиот труд и одлучија да се појават на Игрите. Таму, најстрого беше забранет каков било политички протест од страна на спортистите.

Теориите на заговор за исчезнувањето на летот 370

Кога цела недела не можеш да најдеш Боинг 777 со 227 патници во него, нормално е луѓе да почнат да застрануваат во личните експертизи на темата, и празнините во приказната да ги пополнуваат со: вонземјани, Ујгури, Северна Кореја или терористи.

Околу Русија и санкциите

По основа на се што се случува на Крим, Западот почна да ја размислува една од топ 3-те мерки што ги има за вакви ситуации - наметнување санкции на најголемата држава во светот (останатите две се пишување на остро писмо со предупредување и пишување на уште поостро писмо со предупредување).

Доста ни се паркови

Затоа што Австралија има претерано со национални паркови, премиерот Тони Абот прво најави забрана за прогласување на нови паркови и второ укинување на некои од постојните.

Саудиска Арабија ја забрани Маја

Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија издаде листа на непожелни имиња кои не смеат да им бидат давани на новороденчиња. Што навредливи за муслимани, што онака, нејасно.

Ако сакате да гласаме, оставете нè да спиеме

Дополнителен час спиење не само што ќе го зголеми бројот на гласачи, туку е далеку поверојатно на избори да извади и поголем број на луѓе кои обично не одат да гласаат.

Робовите од Карибите против Европа

Лидерите на 15 карипски нации едногласно одлучиле да поднесат тужба против Англија, Франција, Холандија и други европски држави заради штетата што овие земји ја предизвикале со ропството.

Како Обама заврши кај Галифијанакис

Некаде во јули луѓето на Обама се среќаваат со дел од луѓето што го прават Funny or Die, за да разговараат за тоа како да привлечат внимание на новиот Закон за здравствена заштита. Некој од Funny or Die го споменува Between Two Ferns.

Исповед на спин докторот на Путин

Од 2006-та њујоршката компанија за односи со јавноста, Кечам, на Кремљ му фактурираше милиони долари за советување и помош на Москва во подобрување на својот имиџ на Западот.

Како е можно да изгубиш авион во 2014-та

Боинг 777-200 е авион со должина од 63,7 метри и распон на крилјата од 60,9 метри. Токму ваков авион веќе неколку денови не можат да го најдат спасувачки екипи од 9 држави, вклучувајќи ги и САД. За сега, заклучокот е дека што и да се случило со авионот, се случило брзо.