Претседателскиот портпарол, Џеј Карнеј, одбил да одговори дали некој знае Путин дали има имот во САД. Од друга страна американските закони и претходно имаат пропусти заради кои странски функционери под санкции регуларно поседуваат имот во САД. (Дури лани беше откриено дека Иран поседува еден облакодер сред Менхетен.)
До сега нелегалните трансакции се пријавуваат во случаи кога тие се премногу очигледни, како што беше со ќерката на Претседателот на Габон, која како невработен студент во приватен банкарски сеф имаше еден милион долари во банкноти од по 100 долари.
Што се однесува за Путин, генерално малку е познато за неговото лично богатство. До сега јавно тој има признаено два стана и банкарски сметки со вкупно салдо од околу 500.000 долари. Неофицијално, имотот на Путин е проценет на околу 70 милијарди долари (најголемиот дел од поседување на акции од руски компании).
Ако Путин има некои пари во САД тие таму најверојатно се стигнати преку оф-шор компании и трустови кои не откриваат кој им е сопственикот, па САД допрва би требало да го измени начинот на кој функционираат тамошните финансиски институции, посебно регулацијата на тајновитоста на податоците, за да има пристап до вакви информации.