Доста ни се паркови

Затоа што Австралија има претерано со национални паркови, премиерот Тони Абот прво најави забрана за прогласување на нови паркови и второ укинување на некои од постојните.

Премиерот ова го објавил на средба со дрвосечите, кои ги прогласил и за "најголемите конзерватори," објаснувајќи дека земјата веќе има доволно заштитени површини под шума.

Освен ова тој најавил укинување на статусот национален парк за шума во Тасманија на површина од околу 740 километри квадратни, затоа што шумата не е во својата оригинална состојба и е премногу деградирана за да биде заштитена.

"Не верувам во зелената идеологија, која и направи многу штета на нашата држава во изминатите неколку децении и среќен сум што во Лабуристичката партија има и други кои не паѓаат на ова.

Кога гледам во вечерашната публика составена од луѓе кои работат со дрво и кои работат во шума, не гледам луѓе кои се еколошки бандити, туку луѓе кои се најдобрите конзерватори.

Ве поздравувам како луѓе кои ја сакаат природата, како луѓе кои го сакаат она што Мајката природа ни го дава," порачал Абот пред дрвосечите.

14 март 2014 - 15:57