
Јајцето е продадено на аукција, а новиот сопственик е човек кој се разбира во овие работи. Тој го носи антиквитетот на проверка и излегува дека станува збор за Фаберже јајце, кое било во сопственост на рускиот Цар Александар 3-ти, пред да биде запленето за време на Руската револуција.
Цената на јајцето е 33 милиони долари и комплетно не е познато како тоа после толку години завршува на улична распродажба во САД (од каде што го купува сопственикот на отпадот).
Асошиејтед прес пишува дека ова јајце последен пат било видено во јавност во март 1902-ра.
Според експертот за Фаберже кој прави верификација на јајцето, откритето е еднакво како "Индијана Џонс да ја открил Изгубената арка."