"Коментарите на Обама ги отсликуваат спротивставените пораки што ние ѝ ги испраќаме на Русија. Овие пораки иритираат дел од Русите, кои тврдат дека САД се уште ги третира како Студената војна да не е завршена, и покрај сите промени кои се случија во Русија," пишува Вашингтон Пост.
Прашањето на весникот е дали денешна Русија треба да се третира со ист страв како и Советскиот сојуз. Според бројките што тие ги имаат, по распаѓањето на СССР, Русија останува со само дел од некогашната армија. Она што малку ги вади од памет е што Русија и понатаму го има најголемиот нуклеарен арсенал на светот -12.000 наспроти 5.325 (на САД и НАТО заедно).