Мажите во прво време и свиркаат и довикуваат на девојката, за потоа таа да мора да се сокрие во еден од тоалетите на Универзитетот откако дел од мажите се обиделе да и ја отстранат облеката. На крај таа во придружба на стражарите е испратена од кампусот.
Деканот на Правниот факултет на Универзитетот, во прво време ја обвини девојката по редовната основа дека таа си го барала со таква облека. Откако јавноста се крена против него, деканот на Твитер напиша дека погрешно бил цитиран и се извини за недоразбирањето.
"Ако девојка е гола, дали тоа значи дека некој треба да и скокне на неа?" прашал водителот на едно ток-шоу на приватната телевизија Орбит.