Свет

Дали да се даде Крим за да се спаси Украина?

Моментално ниту една голема нација не е подготвена да започне војна со Путин за да го одбрани Крим и сувереноста на Украина, а тој барем во моментов нема никаква намера да се повлече од летниковецот на руските цареви. Сега некои предлагаат трета варијанта.

Што кажува Путин без да збори

Пентагон годишно троши околу 300.000 долари на изучување на говорот на телото на Путин и останатите светски лидери. За сега, парите ги трошат во празно.

Американскиот пацифизам во еден дијаграм

Војната не е решение, оружјето не може да се користи за политички промени, мирољубивото решение на конфликтите е приоритет во надворешната политика.... Ок.

А од политика, абер да се немало

Не зборуваме за оние кои по цел ден играат Фармвил на Фејсбук, ниту за оние кои се ментално преокупирани со сите можни детали на Икс Фактор. Зборуваме за самиот крем на светската политика. На тема: Украина.

Војската не ги разболува луѓето, такви ги прима

Секој петти американски војник имал ментална болест уште пред да биде регрутиран, открива американската армија додека го истражува бројот на самоубиства меѓу своите војници.

Украинска криза: Внимавајте на Меркел

Таа е практично лидер на Европската Унија. Засега за украинската ситуација игра воздржано но позади сценатаа, таа е во центарот на сите случувања. Ако некој може да влијае врз Путин, тогаш тоа е Ангела Меркел.

Најскапо платени меѓу еднаквите

Пред да биде избран за премиер Матео Рензи најави дека ќе ја намали цената на функционирањето на италијанската политика за една милијарда евра годишно. Фаќањето за врат со своите е затоа што моментално италијанските парламентарци имаат 5 пати поголема плата отколку просечниот работник.

15 бројки од Украина - Русија

6.000 - бројот на руски копнени и морнарички сили кои влегоа во Крим (бројката е според американски извори, Украинците во О.Н. тврдеа дека точната бројка е 16.000).

Дизниленд за луѓе што гледаат храна на интернет

Со целата своја брилијантност околу храната, Италијанците успеаа да постигнат сосема ново ниво во гастрономска врвност - забавен парк на тема храна.

Рускиот "Блеквотер" го окупираше Крим

Војниците кои во необележани униформи ги зазедоа двата аеродроми на Крим не се членови на руската армија, туку се од приватната компанија за безбедност Вневедомственаја охрана, која соработува со руската Влада. Информациите од Крим се дека овие војници веројатно го подготвуваат теренот за враќањето на Виктор Јанукович.

Украина меѓу змијата и магарето

Оној политички пачворк наречен нова украинска власт допрва ќе си ја чеша главата. Земјата е во тешка була а Путин, и без воена интервенција, има цела палета потези со кои може да им го загорчува животот. Земјата е во тешка була а од другата страна е - ММФ. А ако се спроведат ригорозните диети на ММФ - ете ти пак народ на улица.

Како завршуваат протестите

Во изминатите години низ неколку држави во светот се повторува истата ситуација - две страни се барикадираат физички и идеолошки, без никаква намера кој било од нив да попушти. И двете имаат исто барање - другиот да си оди дома.

Британската тајна служба се изнагледа приватно порно

Сите приватни видео сесии на британските интернет корисници на сервисот за видео разговори на Јаху биле следени и регистирани од британската тајна служба, со сесрдна помош на НСА. При ова биле снимени "и значителни количини на сексуално експлицитна комуникација."

Краток водич низ немирите во Венецуела

Протестите во Венецуела траат веќе 3 недели ама беа во втор план заради проблемите во Украина. Сега ним им дојде ред да го добијат светското внимание. Се' започна на 5-ти февруари откако една студентка беше сексуално нападната.

Олигарсите што го оставија Јанукович да падне

Во последните денови од немирите во Киев, украинската опозиција е свесна дека кризата ќе се реши само со помош на парламентарците кои цело тоа време го поддржуваа Јанукович. За ова ним им требаше помош од Ринат Акметов и Димитри Фирташ, двајцата најмоќни олигарси во земјата, кои контролираа речиси половина од партијата на Јанукович.

Вест која никогаш нема вам да ви се случи

На брачен пар од Калифорнија му се оствари животниот бизнис план што вам ви текна уште прв пат кога ви фалеа пари - најдоа 10 милиони долари на сред пат.

Украина, сè наопачки

Сега кога победи демократијата и про-европската опција, кога избега забеганиот злотвор Јанукович а се врати Тимошенко и нејзината домаќинска плетенка вредна повеќе стотици милиони евра, да видиме што сè се случува/ше таму а тешко е да се објасни со црно-белата слика која доминираше со глобалните вести од Украина.

Средновековните тактики на Еуромајдан

Досегашниот биланс на демонстрациите е: Јанукович излезе од земјата, Тимошенко излезе од затвор, Украина излезе од договорот со Русија. И за сето ова се одговорни луѓе кои изградија и неколку месеци пркосеа на барикади сред Киев.

Што ќе промени апсењето на најголемиот наркобос?

Човекот кој мина повеќе од една деценија во бегство, јавноста повторно го виде во слика која потсетуваше на апсењето на Садам Хусеин - со лисици на рацете и опколен со војници. Сега стравот е дали и ова нема да промени ништо како што беше случајот со Ирак.

Водич по урбан дизајн за диктатори

Украина е со големина на Тексас (или колку површината на 23 Македонии), меѓутоа во изминатите 3 месеци движењето против Јанукович успеа да зафати простор од околу 10 градски блокови.

Приказната зад најмоќната слика од Киев

Избезумен Украинец и неговиот син одат по улиците на Киев. Нивните лица се покриени со крв. Наидуваат на еден полицаец. Некаде сред сето ова се наоѓа фотографот на Ројтерс Влад Содел и го овековечува моментот.

Зошто Американци се откажуваат од својот пасош?

Апсолутниот број на такви случаи не е драматичен меѓутоа порастот е. Причина? Во Америка мора да умреш и да платиш данок. А овојпат не се работи за умирање.

Една фотка, лајкови рој

4-годишно дете преку пустина ја минува границата со Сирија, а таму за негова среќа го спасуваат луѓе од О.Н. Единствен проблем во приказната - на малиот не му треба спасување бидејќи мајка му е на стотина метри пред него.

Пријателски оган од близу

Минофрлачка единица на позиција на една планина на Авганистан бара помош од авијацијата околу уништувањето на едно снајперско гнездо. Добиваат бомба од 220 килограми, на 15 метри од себе.