Што кажува Путин без да збори

Пентагон годишно троши околу 300.000 долари на изучување на говорот на телото на Путин и останатите светски лидери. За сега, парите ги трошат во празно.

Путин бил изучуван во 2008-ма и 2012-та, меѓутоа не се знае кои и колку други лидери биле анализирани. Изборот на луѓе што се изучуваат го прават самите членови на програмата, а не по нарачка на Пентагон.

Ниту едно од откритијата на оваа програма на Пентагон не биле искористени во која било ситуација. Извештаите и се даваат на Канцеларијата за проценки, и тие од таму никогаш не излегуваат, затоа што никој од Пентагон не ги бара.

Самиот секретар за одбрана, Чак Хагел, е свесен за ова меѓутоа нема прочитано ниту еден извештај, ниту пак се интересира за програмата.

Според прес-секретарот на Пентагон, програмата е по барање на раководителот на Канцеларијата за проценки, Ендру Маршал "кој сака да изучува секакви видови на теми." Иако документите од оваа програма не се тајни, Пентагон не планира истите да ги направи јавно достапни.

10 март 2014 - 19:06