Барикадите ја вршеа работата во одбрана, додека нападот на демонстрантите беше составен од најразлични огномети, кои ја правеа целата бука околу единиците на Беркут додека беа масовно каменувани. Од лична опрема демонстрантите имаа шлемови и направени или заробени штитови. На потколениците најчесто имаа даски, кои помагаа да се заштитат од шрапнелите од полициските гранати.
Еден од најдобрите примери за издржливоста на барикадите и подготвеноста на демонстрантите беше кога 15-тонско оклопно возило директно влета во еден од заштитните ѕидови, за по кратко време да биде запалено од баражот на молотови коктели.
Наспроти нив, припадниците на Беркут се бранеа со помош на штитовите користејќи воени формации од времето на Римската империја, кои во тоа време се развиени за да ја заштита пешадијата од стрели - првиот ред ги држи штитовите пред себе, а сите други ги креваат штитовите нагоре. Главен проблем на ова е што целата единица под штитови станува многу бавна.
Додека Беркут има сериозно добра логистичка организација, демонстрантите сами креираа хиерархија и поделеност на задачите. Па така, младите демонстранти беа на барикадите во првите линии, а во исто време постарите во позадина правеа залихи, ги полнеа вреќите со песок, правеа молотови коктели, работеа во привремените кујни или собираа снег за да ги засилат барикадите.
Освен што овие работи се неопходни за функционирањето, нивна дополнителна улога е што на постарите демонстранти им даваат чувство дека се потребни на тоа место. Демонстрантите работеа и на регрутирање жени и нивно организирање во женски бригади, кои потоа беа обучени за борба во самоодбрана и тактика.
Тие имаа поставено и работилници за полнење на молотовите коктели и изработка на најразлични орудија кои требаа да помогнат против полицијата. Активистите собираа камења и цигли од шеталиштата, и ги дистрибуираа до барикадите. Беше направена и привремена болница во која им се помагаше на повредените, а во последните денови тука функционираше и мртовечница.
Сето ова им помогна на демонстрантите подолго да издржат против подобро подготвените и подобро опремените специјалци.
"Тука има важни лекции за демократските движење соочени со автократски режими.
Прво, инволвирај ги луѓето. Погрижи се учесниците да имаат некаква цел. Користи неколку тактики одеднаш или комбинирај ги за да добиеш предност. Присили ги властите да одговорат на твоите тактики, наместо ти на нивните," пишува Роберт Бекушен во својата анализа на воената стратегија на демонстрантите во Киев.