Италија е број 1 во светот по разликата меѓу платите на пратениците и работниците. Годишната плата на италијански пратеник е 182.000 долари, наспроти 36.763 долари просечна работничка плата, што е разлика од 4,95 пати.
Под реформа Рензи планира да го укине Сенатот, кој е горен дом на италијанскиот парламент и брои 320 членови, што се задолжени за потврдување на гласањето од долниот дом. Платата само на овие 320 Сенатори изнесува 58 милиони долари годишно.
Кога ќе го скрати Сенатот, Рензи ќе остане само со Домот на пратеници кој брои вкупно 630 претставници. Платата на овие претставници е 115 милиони долари годишно. До сега како реформа на Долниот дом е најавено само намалување на лимитот за сметки за мобилни - од 3.000 на 1.200 евра годишно.
Пред новиот премиер да се фати за работа, на минатите избори сите кандидати од Движењето Пет ѕвезди кои беа избрани за италијанскиот парламент требаа да ветат дека секој месец ќе донираат меѓу 3.500 и 7.100 евра од својата плата.