500.000 - бројот на анти-владини демонстранти кои излегоа на улица во Киев.
13 - бројот на веб-страни блокирани од руската влада заради известување за анти-владините протести во Украина. Основа за блокирање - поттикнување терористичка активност.
75 милиони долари - сумата што Јанукович ја потроши на изградба на неговата вила во 2012.
115.000 долари - сумата што Јанукович наводно ја потрошил на статуата на дива свиња.
Под 500 долари - просечната плата во Украина.
24% - делот од украинската популација која го пријавила рускиот како свој мајчин јазик. На Крим ова изнесува 60%.
845.000 - бројот на вооружени сили во Русија. Во исто време Украина има 129.950 војници.
40 - старосната граница до која мажите кои украинската армија ги регрутираше после случувањата на Крим.
221 - бројот воени авиони што ги поседува Украина. Русија поседува 1.389 воени авиони.
80% - делот од рускиот гас што се извезува за Европа, а минува низ Украина. 40% од целиот гас што го користи Европа доаѓа од Русија.
60 милијарди долари - сумата што руските компании ја изгубија во понеделникот откако Московската берза падна за 10,8%.
8.500 - бројот на нуклеарни оружја што ги има Русија според извештајот од јануари 2014. САД имаат 7.700 нуклеарни оружја.
6 - бројот на републиканци законодавци што го критикуваа Обама за тоа како се поставил во кризата.
0 - бројот на американски законодавци кои предложија САД да испрати војници во Украина.