Свет

Изопачувањето на Русија

Начинот на кој американските медиуми пренесуваат за Путин, Сочи и Украина, претставува медиумска злоупотреба која се рашири и сега е нов стандард во работата, пишува најстариот американски магазин The Nation.

Фрустрирани џихадисти се молат за земјотрес во Сочи

Прво се чаталеа дека ќе го растураат Сочи и Олимпијадата со незапамтени крвопролевања. Видоа дека тоа баш не проаѓа како што го замислиле, па сега се свртеа на молитви Господ да прати земјотрес.  

Делта Форс ја лови Ал-Каеда во Либија

Вашингтон Пост го објави видеото од апсењето на Анас Ал-либи, извршено од Делта специјалните единици, сред Триполи, Либија.

Швајцарија, скоро па слободно

Тенко, најтенко, Швајцарците на референдум сепак порачаа дека сакаат да воведат лимити на бројот на дојденците во нивната земја. Владата ќе има доста работи да му објаснува на Брисел.

Пуси Рајот се откажа од Надја и Маша

Двете ослободени членки на Пуси Рајот наголемо ја крстарат Америка. Беа кај Колберт, на концерт на Амнести беа најавени од Мадона, даваат интервјуа, ги има насекаде. Назад во нивната Русија, матичната група соопшти дека тие две веќе не се во Пуси Рајот.

Сочи 2014. по бројки

Пари, допинг, температура, боршч останати бројки пред почетокот на Олимпијадата во Сочи. Отворање - петок, 17 часот.

Како Гардијан ги уништуваше американските тајни

Во времето кога се појави Сноуден, се појави и информацијата дека Гардијан има добиено добар дел од неговите фајлови. Заради ова генералниот секретар на британската влада, по наредба на Камерон, го вика на состанок уредникот на Гардијан. Таму му дават ултиматум или ќе избришете се' или имаме проблем. Ова е видео од уништувањето.

Светот душмански троши вода

На светското земјоделство, растенија + добиток, отпаѓа 70% од светската потрошувачка на вода. Со конкретни бројки, за производство на 1 јајце, се трошат 200 литри вода.

Зошто никој не ја сака поранешната партнерка на Оланд

Валери Трирвелер е жената заради која Оланд во 2007-ма ја остави мајката на своите 4 деца. Исто така таа е жената која Оланд месецов ја остави заради актерката Жули Гаје. И во двете ситуации Трирвелер не успеа да добие ни најмлаку симпатии од јавноста.

Нико вика нема гајле

Не се ретки написите во западните медиуми во кои се шекулира дека Зимските Олимписки Игри во Сочи можат да бидат поприште на терористички масакри. Таке Сенсеи, како што го знаат неговите ученици по аикидо, односно Стивен Сигал како што го знаеме ние, мисли поинаку.

Мафијата уби 3-годишно дете заради долг

3-годишниот Никола Камполонго, заедно со неговиот дедо и кумот, беа застрелани а потоа нивните тела и запалени во автомобил зад една фарма во Калабрија. Италија збесна после веста.

Девојката што јаде на интернет за 9.000 долари месечно

Се вика гастрономски воајеризам, во основа значи гледање интернет пренос од луѓе како јадат и е многу популарно во Јужна Кореја. Главна публика не се гладни луѓе од Северна Кореја кои сакаат да гледаат јадење, туку Јужнокорејци кои не сакаат да јадат сами.

Кои се Беркут?

Името буквално значи златен орел, а секоја област и голем град во Украина имаат по една единица на Беркут. Оригинално нивната задача била борба против организираниот криминал, сега претежно се користат за контрола на толпи и немири.

Ердоган се јави!

Не можејќи лично да учествува на еден партиски собир во Измир, турскиот премиер на симпатизерите им го испрати својот дигитален двојник.

Што треба Западот да знае за ситуацијата во Киев

Украинскиот новинар Тарас Илкив (уредник на Newsradio.com.ua, а претходно Korrespondent.net) чувствува дека луѓето надвор од Украина не разбираат најдобро што сакаат Украинците да добијат од демонстрациите и зошто тие се случуваат. Затоа ја составува оваа листа.

Пописот на аеродромското обезбедување

Во 2013-та, низ обезбедувањето на аеродромите во САД минале 638,7 милиони патници, или 1,7 милиони патници на ден (што на дневна основа е околу 1,1 милион повеќе отколку во 2012-та). И покрај тоа што ТСА постои од 2001-ва, уште на некои не им е јасно што можат да носат со себе во авион.

Од играчка, затвор?

Човекот што малку се опушти за време на гостувањето во Северна Кореја, па почна да збори на телевизија што треба и што не треба, за после да се вади на алкохол, сега на грб си го навлече ФБИ, кои започнаа истрага дали неговите луксузни роденденски подароци за Ким Јонг Ун ги прекршуваат меѓународните санкции.

Зошто Северна Кореја е ретко интересна земја

Не дека западниот свет длабоко и искрено и везден не го боли душа за човековите права во Северна Кореја, но, постои уште еден детал кој може да ја објасни заинтересираноста за оваа земја: две третини од сите светски залихи на ретки хемиски елементи случајно се наоѓаат баш таму.

Пентагон се крева на штрајк

Повеќе групи работници задолжени за најразлични логистички задачи во Пентагон, денеска ги напуштија своите работни места и започнаа штрајк во седиштето на американското Министерство за Одбрана заради ниските плати.

Зошто сите американски нуклеарки се нанишанети кон Русија

Американските интерконтинентални ракети се уште насочени во ист правец како што беа и за време на Студената војна, кон Русија. Американците имаат 450 вакви ракети и заради географски ограничувања, секоја од нив може да ја нападне Русија.

Неколку видеа од новите немири во Украина

Откако за околу Нова година се смирија некако демонстрациите и немирите во Украина, во неделата повторно пукна во земјата заради новиот закон со кој се забрануваат протестите. Денес (вторник) вака изгледа ситуацијата во Киев.

Како Шарон ја користеше архитектурата како оружје

По 8 години во кома почина поранешниот израелски премиер и генерал, Ариел Шарон, кој со години го обликуваше Израел воено, политички и урбанистички. За последниот дел, деновиве зборуваше еден израелски професор по архитектура.

Земјоделец со поголемо чувство за поента од цела опозиција

Погледот на Долниот дом на францускиот парламент денес беше надграден со истурање купиште природно ѓубриво (а.к.а. измет од говеда) од фармер кој сака Оланд да си поднесе оставка.

Народ кој секогаш гласа за нов Устав

На дводневниот референдум во Египет, огромно мнозинство го поддржа новиот устав на земјата. Со тоа убедливо го срушија актуелниот устав кој претходно го изгласаа, со огромно мнозинство.