Во демонстрациите и бунтот против Претседателот и Владата на Украина учествуваа стотици илјади Украинци. Карши нив, Јанукович цело време ја има единицата Беркут која брои 5.000 членови. Треба да се спомне дека освен неверојатната обука, Беркут на располагање имаат и водени топови, солзавец и гумени куршуми.
Беркут како специјална единица служи на сите власти во Украина уште од 1988-ма кога се формира како дел од ОМОН, советската единица за специјални намени.
Во 1992-ра по падот на СССР, единицата се реформира во Беркут и влегува под Министерството за внатрешни работи. Од тогаш во секој дел на земјата мора да има по една единица на Беркут.
Видеото на Беркут за регрутација:
Во овие 20 и кусур години тие имаат нанижано дузина официјални инциденти, во кои душмански се пресметуваат со демонстранти по секакви основи. На годинешните немири тие беа снимени како наокoлu парадираат гол демонстрант на температура од -10 степени Целзиусови.
Малтретирање на голите демонстранти:
Секој кандидат за оваа единица е внимателно избран. Пред да може да конкурира за Беркут, кандидатот мора да има отслужено војска, и да има 3-годишно искуство како полицаец. По ова најдобрите кандидати се избираат за крајно ригорозна обука. Членовите на единицата имаат плати околу 2 пати поголеми од регуларен полицаец.
Цело ова време Беркут функционира полу-автономно. Иако претходната власт имаше обиди да ја ограничи нивната слобода, со враќањето на Јаникович на власт сите вакви мерки беа повлечени. Сега, близок сојузник на Јанукович управува со единицата.
Проблемите на Беркут со Молотови коктели:
Беркут во изминатите неколку денови:
Како демонстрантите ги напаѓаат единиците на Беркут (видео на тамошното МВР):