На шлеперот полн со измет имало испишано "Оставка на Оланд и целата политичка класа. Да живее 6-та република." За несреќа на човекот (а за среќа на градската хигиена), тој бил уапсен на сред празнење на приколката од шлеперот.
Мажот, кој не е член на некоја партија, бил веднаш уапсен па не е јасно што конкретно Оланд му има згрешено. Уште една дилема е околу Шестата република, бидејќи Франција моментално функционира во Петата република која ја започна Де Гол во 1958-ма.
Моментално Оланд има најнизок рејтинг во споредба со кој било друг лидер на модерна Франција.