"Бомбашите самоубијци се на терен. Западните влади страхуваат од терористички напади. Американските воени бродови во близина се на готовс," напиша Том Балмфорд од Радио Слободна Европа, во тон сличен на други написи во западните медиуми во кои се разгледува безбедносната ситуација во Сочи и шансите Олимписките игри да бидат искористени за терористички напади.
"Шансите некој бомбаш самоубиец да успее во своите намери се исклучително мали бидејќи цело Сочи е на готовс. Државата има фасцинантна постава на терен, одлични врски со светот, Путин го прави најдоброто што може. И сакам да ви кажам дека руските противтерористички Алфи се едни од најдборите екипи на планетава, така што бомбаш тешко ќе може да направи беља," изјави Стивен Сигал.
Не се знае зошто е тој повикан да се изјасни на оваа тема освен што има полициска диплома и моментално е резервен заменик шериф во едно место во Луизиана како и познатиот факт дека важи за добар пријател на Владимир Путин со кого ја делат љубовта кон боречките спортови.