Меѓу подароците што Родман му ги даде на Јонг Ун за 31-от роденден имаше пакувања Џејмисон во износ од неколку стотици долари, европски кристал, италијански костуми, крзнено палто и Мулбери чанта за неговата сопруга.
Проблемот е што многу веројатно овие подароци прекршуваат две резолуции на Советот за безбедност од 2006-та и 2013-та со кои се забранува внесување луксузни стоки во Северна Кореја. Освен ова Родман веројатно го прекршува и американскиот IEEPA (International Emergency Economic Powers Act) закон, со кој се смета за прекршок "секое директно или индиректно, увезување, извезување или ре-извоз на луксузни стоки во Северна Кореја."
Ако Родман сакал подароците да му бидат легални, тој прво требало да побара од американските власти за лиценца за извоз во Северна Кореја, која веројатно и немал да ја добие за луксузната стока што сакал да ја извезе.
Казните за цивили кои го прекршиле овој закон се околу 250.000 долари или два пати од вредноста на нелегалната трансакција. Максималната казна што може да ја добие Родман за ова однесување е глоба од 1 милион долари и до 20 години затвор. Исто така американските власти ако сакаат можат да го замрзнат целиот имот на поранешниот кошаркар на Чикаго Булс.