Финансии (во долари)
51 милијарда: проценетата вредност на Олимпијадата во Сочи (што ја прави најскапа Олимпијада во историјата).
6 милијарди: цената на Зимската Олимпијада во Ванкувер.
30 милијарди: сумата која според руската опозиција и поранешниот заменик премиер Борис Немцов е украдена од фондовите за Олимпијадата.
1.200: највисоката цена на влезница за Сочи 2014.
890: просечната плата во Русија.
Политика
405.605: бројот на потписи на петицијата од групата за геј права All Out, со која се бара елиминирање на анти-геј законите, насилството и дискриминацијата.
14: бројот на денови што ќе треба да ги одлежат во затвор сите странци кои ќе ги прекршат анти-хомосексуалните закони во Русија (плус казна до 3.100 долари и депортација).
3: бројот на отворени геј спортисти кои Обама ги именуваше да бидат дел од американската Олимписка делегација на церемонијата за отворање на Игрите.
0: Бројот на игри од 2000-та кои не биле посетени од американски претседател, првата дама или потпретседателот. (Плус нема да присуствуваат францускиот претседател, германскиот претседател и Комесарката на Европската унија.)
Дрога
2.453: Очекуваниот број на анти-допинг тестови што ќе бидат извршени од ИОК за време на Сочи.
8: бројот на години во кои ИОК ги чува примероците од анти-допинг тестовите, за да направи нова проверка кога ќе бидат достапни нови методи на испитување.
20: бројот на допинг случаи кои ИОК ги има пријавено од почетокот на ЗОИ во 1968-ма.
Обезбедување
37.000: бројот на лица кои ќе ги обезбедуваат игрите.
375: бројот на американски спортисти, тренери, персонал и гости кои ја имаат ангажирано Global Rescue компанијата за спасување во кризни случаи.
2: бројот на воени бродови кои чекаат во Црното Море во случај да мора да се евакуираат Американци.
Градот
148: должината на Сочи во километри (најдолгиот град во Европа).
65: надморската височина на Сочи во метри.
8: степени Целзиусови, просечната температура во Февруари, со што ова се најтоплите Зимски Олимписки игри.
Публика
213.000: очекувана публика.
10.000 - 15.000: публиката што доаѓа од САД.
30: процентот на влезници кои ќе бидат продадени еден месец пред Олимпијадата.
3 милијарди: очекуваната ТВ публика низ светот.
539: часови телевизиски пренос на ЗОИ во САД.
436: часови телевизиски пренос од Олимпијадата во Ванкувер.
Олимпиското село
1988: годината во која кондомите прв пат беа дистрибуирани на Игрите.
100.000: бројот на кондоми поделени на Олимпијадата во Лондон 2012.
265.000: литри боршч се очекува да бидат послужени за време на Игрите.
Факелот
1: колку пати факелот бил во вселената.
65.000: километри ќе има факелот минато додека да стигне во Сочи на 7-ми февруари (повеќе од кога било претходно).
14.000: луѓе го носеа факелот за време на неговото патување.
Игрите
6.000: бројот на спортисти што ќе се натпреваруваат (плус 1.650 параолимпијци).
85: држави ќе учествуваат.
230: бројот на спортисти што ќе ги претставуваат САД (поголем од која било друга држава).
12: нови олимписки дисциплини кои ќе имаат премиера во Сочи.
5: вкупниот број на маскоти на Сочи 2014.
18: просечниот број часови потребни за производство на Олимписки медал.
1.300: бројот на медали кои ќе бидат доделени во Сочи.