Како во сцена од Стар Ворс, на приврзаниците на владеачката партија во Измир им се појави огромен холограм од нивниот водач Тајип Ердоган кој на собраните им зборуваше како да се подготват за локалните избори закажани во март.
"Ќе одиме на избори кои ќе бидат во сенка на нападите на предавничките мрежи. Барам од моите кандидати за градоначалници да не губат време!," порача фотонскиот Ердоган чиј телесен еквивалент се наоѓа под канонада обвиненија за корупција придружени од серија оставки на високи државни и партиски функционери.
Обраќањето на премиерскиот холограм почнува околу 45-та секунда: