Свет

Докторот што се преправа дека е бездомник

Иако добро му оди работата во ординацијата, докторот Џим Витерс од Питсбург добива идеја да почне да се преправа во бездомник. Причината, бездомниците не им веруваат на луѓе кои не се бездомници, туку вклучувајќи ги и докторите.

Зошто Зимбабве има исти цени како Њујорк

БДП-то во Зимбабве е 600 долари и е трето најмало БДП во светот, просечната плата е 253 долари месечно, и тоа само ако си некој од 30% од популацијата што работи. Во исто време, 5-минутно возење со такси е 7 долари, јогурт 0,9 литри е 5 долари, а кока кола е 2 долара.

Оставална за мажи

Се работи за тоа дека кинеските трговски центри почнале да воведуваат простории во кои сопругите можат да ги остават своите мажи, додека тие крстосуваат низ продавниците на трговскиот (пред одење мора да си ги земат). Истото ова подостоинствено се решава со отворање кафана во склоп на трговскиот.

Зошто САД набавуваaт лекарства против радијација?

Американската Влада нарачала милиони дози калиум јодид, нешто што интервентно се користи после тешки нуклеарни инциденти. Не се знае зошто, се знае само дека дозите треба да бидат испорачани најдоцна до 1-ви февруари годинава. 

На трудот црни бездомници

Јапонија регрутира бездомници кои се испраќаат во Фукушима за расчистување на областа на нуклеарната катастрофа.

2013-та низ цитати на познати лица од...Нигерија

Само вие смејте се, не сте свесни колку - по лудило - сме ние братска земја со Нигерија.

Рекламите што ги забранија во 2013-та

Најголемо зло што може да и се случи на реклама е голотија или да ги лаже муштериите, заради што никогаш нема да биде покажана на телевизија или во некоја официјална кампања.

Војната во 2013-та

50.000
Приближниот број на луѓе убиени годинава во граѓанската војна во Сирија.

500
Приближниот број на уништени владини тенкови од бунтовниците во Сирија во 2013-та.

ЕУ тужи на ангро

Само против Обединетото Кралство, Брисел има поднесено речиси 50 судски тужби за прекршување разно-разни правила на ЕУ, од увоз на лук па до детски играчки. Градоначалникот на Лондон вели дека не гледа причина да се останува во Унијата.

Како се калеа кинеските телохранители

Се ова што понатаму ќе го видите е дел од обука во приватна академија за телохранители, во која кандидатите влегуваат по сопствено барање и за која плаќаат пари.

Само револуција може да ги сопре климатските промени

На сите оние климатски самити кои се протоколарно пренесени како вести, договорено е дека глобалното затоплување треба да се одржува на ниво од максимум +2 Целзиусови степени од нивото пред индустријализацијата. Сериозни научници тврдат дека ова е премногу и дека треба да биде +1 степен, а тоа не може мирно да се постигне.

Мито во безвредни пари

Пари кои само личат на нешто што би требало да вреди, а чија номинална вредност е нула, е изненадувачки успешниот метод за намалување на корупцијата во Индија.

Да потпишевме со ЕУ, ќе банкротиравме

"Историскиот договор со Русија ни помогна да ја спасиме економијата од банкрот кој ни се закануваше доколку потпишеме со ЕУ," изјави Микола Азаров. Другата украинска страна тврди дека е ова крај на независноста на државата.

Гениј меѓу гении

За во систем салата на НСА на станицата на Хаваи, Сноуден имал дуксер изработен од ЕФФ (Electronic Frontier Foundation) на чиј грб имало сатирично лого на НСА со орел кој прислушува сè и е вклучен во сè. За човек талентиран како Сноуден ваквото однесување било толерирано.

Краток список на парите што Пентагон ги фрлил во 2013.

Годинава отидени се милијарди долари на бродови што не функционираат, излишни пушки и тенкови кои никому не му требаат. Ова е само тоа што се знае, а добар дел допрва ќе се открива.

Светскиот шампион во фудбал ќе скапе од патување

Бразил е петта по површина држава во светот, а Мундијалот ќе се игра во 12 градови низ целата земја. За репрезентацијата која ќе победи во финалето ова значи дека во просек ќе треба да пропатува 12.000 километри.

Гревот на тетинот

(И покрај тоа што совршено звучи, насловот не е име на нова турска серија) Теоријата е дека причина за егзекуцијата на вториот најмоќен човек во Северна Кореја, е дека тој не ракоплескал доволно силно.

Луѓето од шахтите на Мумбај

Во текот на еден ден низ канализацијата на Мумбај минуваат доволно отпадни води за да се наполнат околу 4.500 Олимписки базени.

Како да знаеш дека колегите се палат на жена ти

Во конкретниов случај колегите ти се високи дипломати во министерства за надворешни работи низ ЕУ, а сопруга ти е Карла Бруни.

Речиси 200 деца убиени по масакрот во Њутаун

На 14 декември 2012-та, 20 деца и 6 возрасни беа убиени во основното училиште Сенди Хук. Тоа изгледаше како да е крајот на комплетната дебата за правото на носење оружје. Во годината од тогаш убиени се уште 194 деца.

Германките што ловат Масаи воини

Кон крајот на 90-те Корин Хофман пишува книга за тоа како го напуштила својот сопруг за еден Масаи воин и како имала дете со него. Денес многу повеќе имаат книги за пишување.

Човекот што веќе не смее никого да тужи

Чувствувајќи се оштетен од тоа што лошо си минал на одмор, Канаѓанец решава да ја тужи Доминиканската република затоа што му врнело додека бил таму. Му се паѓа судија што веќе нема трпение за ликови како него.

Како ескорт агенција доби отштета за нафтената дамка на БП

Сметајќи дека бизнисот им трпи штета од хаваријата на нафтената платформа Дипвотер хорајзон, агенција со девојки за придружба од Бритиш Петрол бара отштета од 173.000 долари.

Како Кинезите ја хакнаа лотаријата за регистрации

Пекинг има 12 милиони жители (замисли!!!) од нив 7,5 милиони се возачи. Затоа што тоа е неиздржливо за која било инфраструктура, од 2011-та регистарските таблички во градот се добиваат по основа на лотарија (на која според локалните сеирџиски муабети е потешко да ти се падне отколку на вистинската лотарија). Сега стана уште потешко.