Луѓето што посериозно се занимаваат со темата, сметаат дека постоелa "вистинска лична нетрпеливост" меѓу Ким Јонг Ун и Јанг Сонг Таек, сопругот на неговата тетка.
Причина за апсењето и егзекуцијата е што Ким најверојатно бил гневен што "неговиот вујко не го почитувал." Според официјалната северно-корејска новинска агенција, Јанг Сонг Таек ракоплескал со "половина срце" кога Ким бил избран за потпретседател на централната државна воена комисија. "Ким исто така сакал да испрати порака до другите во режимот дека 'никој не е безбеден... не си играјте со мене,'" објаснува Франк Лангфит од НПР.
"Веста го потсети нашиот колега Скот Нојман на еден стравотен пасус од Архипелагот Гулаг на Александар Солженицин, во кој се опишува зошто не сакаш да бидеш првиот човек што ќе престане да аплаудира за време на говорите на Сталин," пишува НПР.
Инаку официјалната верзија е дека Јанг е прогласен виновен за предавство, затоа што "обединувал непожелни сили и формирал фракција, и со тоа извршил гнасно кривично дело - обид за државен удар."