Како ескорт агенција доби отштета за нафтената дамка на БП

Сметајќи дека бизнисот им трпи штета од хаваријата на нафтената платформа Дипвотер хорајзон, агенција со девојки за придружба од Бритиш Петрол бара отштета од 173.000 долари.

БП веќе некое време се буни дека е присилен да им плаќа милиони долари на фирми на чиј бизнис хаваријата никако не можела да му наштети.

Тие во весник го објавија примерот со ескорт агенцијата чија документација била прифатена од Програмата за надоместување на штетата, и покрај тоа што поднесените документи не биле потпишани, ниту пак имале датум.

Ескорт агенцијата, која според луѓето што ја водат програмата за обесштетување ги задоволувала сите стандарди за да добие надоместок, и не е најлошиот пример за тоа на кого се БП мора да им исплати пари. Меѓу луѓето кои чекаат обесштетување се и:

- адвокат лоциран на околу 320 километри од брегот, кој цела 2010-та немал лиценца. Побарување - 172.253 долари.

- продавница за безжични телефони која истата година затворила заради пожар. Побарување - 135.258 долари.

- старечки дом од Луизијана кој бил затворен цела година пред да се случи излевањето. Побарување - 662.834 долари.

До средината на ноември, програмата за обесштетување имаше добиено 247.356 барања од 166.897 лица и компании.

7 декември 2013 - 16:06