Пекинг има 12 милиони жители (замисли!!!) од нив 7,5 милиони се возачи. Затоа што тоа е неиздржливо за која било инфраструктура, од 2011-та регистарските таблички во градот се добиваат по основа на лотарија (на која според локалните сеирџиски муабети е потешко да ти се падне отколку на вистинската лотарија). Сега стана уште потешко.
Шведска ИКЕА отвора нова продавница во шпанска Валенсија. Во понеделникот даде оглас за вработување на 400 лица. До сега се пријави повеќе народ отколку што има луѓе во цела Струга.
Од времето кога бил во затвор, до статус на државник и инспирација на голем број генерации, цитатите на Мандела зборуваат повеќе од некаква сувопарна биографија.
Во вторникот во руската Думата се степале двајца пратеници, а приказната има и некои интересни (ама непотврдени) детали како тоа дека од џебот на едниот од тепачите паднал позлатен пиштол.
И покрај сите повеќекратно потврдени пресуди + бркање од Парламентот, италијанските медиуми и јавноста имаат толкав уплав од поранешниот Премиер, што почнаа да се разгледуваат најневеројатните сценарија за иднината на Берлускони.
Сред судирите за време на протестите во Украина, демонстрантите решија да јуришаат на полициските барикади со булдожери. Полицијата одлучи да не отстапува ниту чекор.
Во една од најголемите иновации во светот на брзите испораки, првиот човек на Амазон го претстави Amazon Prime Air сервис за доставување пратки за 30 минути со помош на беспилотни летала.
За сите овие години владеење, безобѕирноста на Путин кон часовникот од протоколот на официјалните средби веќе доби легендарен статус. Речиси и да нема светски државник на кој Путин му нема задоцнето. Последен пат ова се случи пред некој ден, кога Папата Франциско требаше малку да го почека рускиот претседател.
Деновиве и покрај високото ниво на спремност на казнено поправниот систем, еден шведски затвореник успеа да избега од затвор... за да оди на забар... по што се вратил назад во затвор.
Веројатно најважниот финансиски и економски дневен весник во светот ја објаснува математиката (исплатливоста) на огромните попусти што продавниците ги даваат на Црниот петок. Клучен збор - просек.
За разлика од тоа како ние сме го замислувале и како било покажано по филмови, цели две децении шифрата за лансирање на нуклеарните ракети на САД била 8 нули - 00000000.
Расположението засега е неизвесно но поборниците за независност на Шкотска веќе изготвија водич кој на 670 страници опишува како ќе изгледа земјата ако на референдумот закажан догодина, граѓаните изберат "ДА".
Целиот буџет за реклама што планираа да го потрошат за новогодишните празници, Кока кола Филипини ќе го донира за жртвите од неодамнешниот тајфун, заради што во овој период во земјата ќе останат без една единствена реклама.
Станува збор за синот на вториот човек на Синалоа картелот, моментално најмоќниот и најбескрупулозниот нарко-картел во Мексико. Тоа што по наредба на татко му се убиени илјадници луѓе, не значи дека на 23-години тој нема да се чатали на Фејсбук и Твитер. Се вика Серафин.
Аргументот е дека станува збор за индустрија вредна 120 милијарди долари, која разурнуваа цели индустрии во земјите во кои доаѓа преку внесување на производи под пазарната цена кои комплетно ја нарушуваат економијата во земјата.
На новинар на ЕПСН, Катар му плаќа патување до Катар со сите трошоци подмирени. Новинарот се заљубува во Катар, а ЕСПН го објавува ова, ама не за долго.
По сите скандали кои излегоа од шпионирањето на НСА, Сенатот одлучи да превземе мерки кои ќе гарантираат промена во нивната работа преку измени во буџетот на организацијата - ќе им го зголеми буџетот за 75 милиони долари, за во иднина да не им се случи уште еден Сноуден.
По проблемите со алкохолот, кракот, другите дроги, курвите, неколку неделното присуство како главна тема на вестите во Канада, градоначалникот на Торонто меѓу своите граѓани има повисок рејтинг отколку што Обама има во САД.
Откако го фатија дека пуши крек, шмрка кокаин, едно десет пати беше пијан во јавност, плус беше обвинет дека ангажирал проститутки и дека на една негова колешка сосема експлицитно и објаснил што сака да и прави, градоначалникот на Торонто објави дека планира да биде премиер.
Возењето велосипед може да ја спаси целосната светска економија, а комплетниот процес е објаснет во книгата Bikenomics: How Cycling Can Save The Economy. Во основа има 5 клучни аргументи.