Амазон дронови

Во една од најголемите иновации во светот на брзите испораки, првиот човек на Амазон го претстави Amazon Prime Air сервис за доставување пратки за 30 минути со помош на беспилотни летала.

Сервисот треба да почне со функционирање во 2015-та, доколку до тогаш Амазон успее да добие одобрение од FAA (Federal Aviation Administration). Безос очекува дроновите да станат комплетно автономни во својата работа рок од 5 години.

Идејата на Безос е купувачите да го добијат производот во рок од 30 минути откако ќе ја направат нарачката на сајтот. За сега не се познати техничките карактеристики на дроновите, која ќе биде нивната носивост или максималната далечина на која ќе можат да ја носат пратката.

Целиот план е држен во најголема тајност, и за него до сега нема ниту една трага или најава во кој било медиум. Информацијата Безос ја откри за време на интервјуто што го даде за емисијата 60 минути. На подготовките за емисијата, Безос на продуцентите им рекол "ако погодите која е новоста, тогаш сте многу среќен човек бидејќи ќе ви дадам половина од моето богатство и ќе ве пратам во Вегас."

2 декември 2013 - 09:18