Шифрата што никогаш немаше да го спаси светот

За разлика од тоа како ние сме го замислувале и како било покажано по филмови, цели две децении шифрата за лансирање на нуклеарните ракети на САД била 8 нули - 00000000.

Главното објаснување зад шифрата е што американската армија толку инсистирала на што е можно побрз одговор на каков било напад на американско тло, што тие не сакале да губат време околу внесување на бројките.

Целата работа почнува во 1962-ра, кога Кенеди потпишува меморандум со кој секој нуклеарен проектил мора да биде осигурен со ПАЛ систем (Permissive Action Link), кој во основа е уред што не дозволува лансирање на проектилот без внесување на шифра.

Замислата на Кенеди крајно бавно се остварува, па така американските нуклеарки надвор во Европа, ја добиваат својата заштитата дури кој крајот на 70-те.

На домашен терен инсталирањето на заштитните уреди го надгледува лично тогашниот Секретар за одбрана на САД, Роберт МекНамара. Проблемот е што тогашниот врв на американската воена авијација до толку не може да го трпи присуството на МекНамара, што веднаш кога тој си заминува од некој нуклеарен силос, тие ја враќаат шифрата на 00000000.

Сведоштвата на тогашните војници од силосите, покажуваат дека не само што шифрата била 8 нули, туку и дека таа постојано морала да биде внесена во уредот. Ова осигурувало дека нема да се губи време меѓу наредбата за лансирање на нуклеарките и нејзиното извршување.

29 ноември 2013 - 15:46