Грабежот во сметката за струја

На 28 проценти од британските корисници компаниите за електрична енергија им наплатиле поголеми сметки, и тоа во просек поголеми за 121 фунта.

Од грешките што ги прават во фактурите, Големите 6 (6 компании за електрична енергија што го имаат најголемиот број на корисници во Британија) годишно ќаруваат најмалку 650 милиони фунти.

Анализата е направена на сметките на 2.000 претплатници. 30% од анкетираните нашле грешка во својата сметка, а на 28% им било наплатено повеќе од потрошеното. Меѓу заклучоците е и тоа дека луѓето кои ги добивале сметките во писмена форма (а не на интернет), било поверојатно да забележат некаква грешка во нив.

Минатата година Гардијан откри дека компанијата Npower должи 400 милиони фунти на корисници кои биле во претплата со сметките. Друга компанија, Бритиш Гас, беше обвинета дека направила 20 милиони фунти држејќи им ги парите на поранешните корисници кои биле во претплата.

22 ноември 2013 - 13:13